АктуелноЛокалноСатира

Една песна лидерска

  • Пишува: Срѓан Ивановиќ

Нашата земја во регионот е лидер

Тоа си го знае мудриот ни премиер

За во ЕУ сме ние кандидати први

И немој некој сега да ми го дрви

Земјава само успеси реди ли реди

И само со Бугарите ова да се среди

И Фон дер Лајен тоа го призна еднаш

Македонија во Унија влегува веднаш

Добро не баш веднаш и одма баш

Прво треба да отвориме Устав наш

Ама тоа стварно ич страшно еве не е

Устав да се растопи та од вода не е

Нашата земја со голема буква почнува

Пошо ни е незгодно Северна да пишува

Мислам баш ни е гајле и не заболе ептен

Ама небањати има и секој втор е кретен

Нашата земја е лидер во регионот наш

И ме примрзе рима да барам па затоа баш

У да ми текна на Отворен Балкан бум трас

И зејтин од Вучиќ да барам во куцниот час