АктуелноЛокално

Обезбедени средства за дневен центар за лица со попреченост по иницијатива на Левица

  •  Говор на советничката Катерина Јовановска од Левица во Советот на Град Скопје:

,Како што знаете, по Иницијатива на советничката група на Левица, која беше изгласана од овој Совет – за отварање на дневен центар за лица со попреченост.

Таа беше изгласана во јуни, а во меѓувреме имаме само едно известување од градските служби – дека е формирана комисија. Она што го немаме, тоа е предлог-Одлука за изградба на овој центар. Потребно е да се издвојат средства, но, најбитно е да се изгласа предлог-Одлука за да се реализира Иницијативата.”