Апасиев: Едноставно е да се раскинат договорите со Грција и Бугарија – Потребна е политичка волја

Во прв ден власт апсиме 100 луѓе и го укинуваме Преспанскиот договор, вели во емисијата „Тешки муабети“ лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

„Економската политика ќе биде социјализам по примерот на Кина, но со макеоднски карактеристики. Тоа значи дека во секоја гранка на индустријата треба да има по еден државен субјект.“

За тоа каква надворешна политика ќе води партијата, Апасиев вели дека за остварување на државниот интерес, треба да се води надворешна политика, во која ќе се игра со сите светски сили.

„Во надворешната политика се игра со секој, нема не идам во Пекинг, абре за доброто на Македонија ќе идеш и во Вашингтон и во Пекинг и во Петербур и во Јужноафриканска Република. Играме со сите, па и со Америка. Кога се раѓа нова империја треба да се игра со неа.“

Во продолжение Апасиев додаде дека преседаните направени од власта на СДС и ДУИ овозможуваат Преспанскиот договор да биде раскинат без никаков проблем.

„Внатрешната политика, првите четири години ќе апсиме, треба да се успсат овие хошташлериве домашни. Преспанскиот договор се поништува во еден ден, само ти треба власт, еден допис ти треба, Турција си смени име со допис. Во Устав ти стои дека меѓународен договор потпишува претседател, овде потпиша министер, се укинува тоа.“

За договорот со Бугарија констатираше дека станува збор за Владин договор и дека за истиот да биде раскинат е потребно само да биде променете власта

„Бугарскиот договор уште полесно се раскинува, не ни треба Собрание, тој е владин договор, Влада ти треба. Тоа е ужасен договор, тоа е покољ, ретуширање на историјата“, вели Апасиев.