Абрашев: ДУИ-СДС и ДПМНЕ заеднички за формирање на албанска паралелка во Велес
Пишува Димитар Абрашев – Советник во општина Велес при политичката партија Левица
Постигнат договор, во Гимназија Кочо Рацин нема да се формира, ама во О.С.У “Јовче Тесличков” ќе се формира дополнителна паралелка на албански јазик!
Советниците од дпмне, дуи и сдс во Советот на Општина Велес си ја изгласаа денешната точка за формирање на дополнителна паралелка во економска!
На 12 октомври, после повеќе од 40 дена од почеток на учебната година формираа нова паралелка, со ученици кои законски не исполнуваат услови!
Буквално истите забелешки што беа за Гимназија, ги има и за економското училиште, се примаат деца со помал број на поени од потребниот минимум (голем дел се под 40 од потребните 60)!
Чисто да се знае, за време на паузи во меѓусебните разговори најголем дел од советниците се изјаснуваа дека се против овој “башибозук”, ама тешко е кога си само “машина” за гласање и немаш право на свој став!