Бездруго и веднаш треба да го создадеме единството на сите жени во Македонија
Во својата денешна порака за честитка до македонскот народ, АФЖ на Левица издвоија цитат на историското АФЖ во која се повикуваат сите жени Македонки на обединување во антифашистичката борба.
- Во чест на денешниот празник, Денот на востанието на Македонија, ви двоиме извадок од пораката на АФЖ на Македонија, во првото македонско списание за жени во слободна Македонија, „Македонка“, издадено од Антифашистички фронт на жените во Македонија, во ноември 1944 година.
Во пораката се вели:
„Да се развие и зајакне единството на сите жени во Македонија е најважната наша задача. Колку и да биде силен нашиот фронт, денес при многу поразвиените услови на борбата и животот воопшто, он не може да стане вистински друштвен и политички фактор ако во него не би могле да си го најдат местото и сите онија жени кои до сега стоеле настрана на борбата.
Секоја активистка на АФЖ, секоја и последна членка на АФЖ, треба да ја сфати таа основна мисла на нашиот фрон: бездруго и веднаш треба да го создадеме единството на сите жени во Македонија без оглед на различните политички гледања, вери и народности, без оглед дали порано биле србоманки, бугарофилки или гркоманки, единство на сите Македонки – православни и муслиманки – Албанки, Влаинки и Турчинки, сите селанки, работнички, интелектуалки и домакинки – сите што се чесни родољубки и сакаат да помогнат на борбата, сите што своите раце не ги закашкале со народна крв.
Единството наше не би било полно ако ние не би го создале од Ристовец до Солун и од Места до Дебар. Ние треба да им помогнеме на нашите сестри кои што се уште во Бугарија и Грција да го создадат своето единство и да заедно со нас, уште поактивно земат учестие во ослободувањето и обединувањето на македонската држава.
[…]
А сите оние жени кои што до вчера биле пасивни гледачи, а денес сакаат да работат, ќе треба на дело со истрајна и искрена работа да го спечалат и оправдаат местото кое го земаат во нашиот фронт. Денес во нашиот фронт идат и некои жени кои што до вчера, ни мислеле, ни работеле со нас; дури и мислеле лошо за нас. Ние на сите им пружаме сестринска рака, оти во нашата држава има работа за сите нејзини ќерки, оти нашата држава треба да стане дом на сите нејзини чеда. Но не им пружаме рака за репрезентација и единство по секоја цена, туку за искрена работа и несебична борба – за доброто на македонскиот народ.“