Важноста на инпутите во развојот на земјоделството
- Пишува Никола Петров – Координатор на Левица – Земјоделски сектор
Исклучително неповолните услови за развој на земјоделското производство во државата доведува до нестабилен пазар на храна, чести недостатоци кои се компензираат со увоз и максимално високи цени кои го теретат буџетот на работничката класа. Затоа од клучна важност се некои фактори кои ќе помогнат и го стимулираат растот и квалитетот на земјоделското производство, вклучително на државата со развојни стратегии и обезбедување на неопходната помош како на индивидуалните, така и на колективните земјоделци организирани во задруги.
Со цел да се максимизира приносот од земјоделските култури, неопходно е земјоделците да вложуваат во земјоделски инпути, особено малите земјоделци. Земјоделските инпути се секој надворешен извор инвестиран во почвата и културата, што може да му помогне на претстојниот принос на земјоделецот. Тие можат да бидат од висококвалитетни семиња до високотехнолошки трактори. Едноставно кажано, тие се секој ресурс што го користиме за да влијаеме на успешноста на нашата земјоделска култура.
Видовите на земјоделски инпути се бескрајни, но постојат две категории во кои ги делиме сите земјоделски инпути; потрошни инпути и трајни инпути.
- Потрошните инпути се нашите секојдневни најчесто користени земјоделски инпути – семиња, ѓубрива, инсектициди, итн., кои во еден период од садење до берба се трошат.
- Трајните инпути, од друга страна, се материјали како што се трактори, земјоделска механизација, системи за наводнување и одводнување, складишни простори, ладилници итн., кои често се поголема инвестиција и траат долго време.
Овие материјали се неопходни и за малите и за поголемите земјоделци. Но бидејќи трајните инпути се сериозна инвестиција и трошок за малите и индивидуални земјоделци, овде е потребна помош од државата преку основање на земјоделски задруги во општествена сопственост кои ќе ги поседуваат сите трајни инпути и ќе им ги изнајмуваат на користење на индивидуалните и мали земјоделци
Трајните инпути се агро-инпути кои често се механички и технолошки, но исто така овде влегуваат и земјоделските површини. Овие земјоделски инпути не можат да се трошат од самите култури. Трајните инпути веќе ги поседуваат големите фармери и агро комбинати, и затоа овде се насочуваме кон обезбедување на овие инпути кај оние кои ги немаат и не се во можност да си ги обезбедат во скоро време.
Еkо-пријателски агро-инпути
Одредени видови земјоделски инпути се поеколошки од другите. И со брзото напредување на глобалното затоплување, потребно е секој земјоделец да се труди да биде што е можно поодржлив. Одржливото земјоделство често е предизвик за малите земјоделци бидејќи тие имаат ограничени ресурси, но тоа не е невозможно.
Земјоделците со мали стопанства можат да бидат еколошки со вградување на пристапот за интегрирано управување со штетници во нивната секојдневна рутина. Пристапот за интегрирано управување со штетници користи и органски и неоргански материјали за да ги спречи штетниците. Со наоѓање на прецизна рамнотежа помеѓу двете, малите земјоделци можат да користат одржливи методи на земјоделство и истовремено да обезбедат висок принос.
Од вода до високотехнолошки трактори, од квалитетни семиња до складишни простори, агро-инпутите се неопходни за успешна берба секоја година и долгорочен развој на оваа гранка. Правилното инвестирање и неопходната поддршка од државата можат да обезбедат оддржлив развој на земјоделството кое ќе осигури стабилност на пазарот со храна.