САД го ослободија киднапираниот руски бизнисмен Виктор Бут во замена на осудената шверцерка на дрога Бритни Грајнер

  • Пишува: Горан Димов

Деновиве бевме сведоци на уште една пикантерија на меѓународната дипломатија, размена на затвореници помеѓу Русија и САД. Ништо од оваа размена еден на еден не е едноставно, ни еднозначно. Вклучувајќи ја и самата размена, која долго време се одолговлечуваше поради инсистирањето на САД размената да оди во однос еден спрема два, каде Русија дополнително би го ослободила и осудениот за шпиунажа Пол Уилан. Во западните медиуми, размената е објавена под насловите во кои „невина кошаркарка“ е разменета на „чудовиште“, „трговец на смрт“, „трговец со оружје“. Да видиме кои се фактите и што знаеме за луѓето во оваа зделка.

Бритни Грајнер е уапсена по реакција на куче од единицата за борба со дрога, на аеродромот Шереметјево. Во нејзиниот багаж е пронајдено масло од хашиш, Грајнер го признава делото, судот ја осудува на 9 години затвор, од 10-те максимални кои ги предвидува руското законодавство за стореното дело. Секако, во контекст на денешните гледање на марихуаната и хашишот, и количината помала од 1 грам, очигледно е дека казната праќа политичка порака, иако технички се е по важечкиот руски закон. И кога ќе се запознаеме со историјата на Виктор Бут, ќе ни стане јасно дека ако ништо друго, русите барем го почитуваат законот.

Виктор Бут е руски претприемач, кој беше уапсен во Тајланд по налог на американските служби, во акција која можеме доста правилно да ја опишеме како долгогодишно киднапирање. Бут во 1991 ја отвара својата прва фирма, во авијациската сфера. Со тек на време работа се шири на авио-транспорт, од цвеќе, работи за домаќинството до законски воени товари.Меѓу другото, неговите авиони пренесуваат француски и белгиски миротворци, како и товари за американската војска во Ирак во 2003.

Во 2008, намамен е во Тајланд од агенти на американската служба за борба со наркотици, кои се претставуваат како членови на ФАРК, колумбиски револуционери и левичари, разговорите со нив се снимени и подоцна употребени како главен доказ против него. Тој е осуден за НАМЕРА да продава оружје на ФАРК, заговор да убива американски граѓани, заговор да убива американски службеници.

Да повториме, од страна на САД не е осуден за дело, осуден е за намера, или ако сакате, умисла да направи „злодело“. Настрана е прашањето на ингеренции на американско законодавство над руски граѓанин за „дело“ извршено на територија на туѓа земја, врз која не се распространува американската јурисдикција. Осуден е на 25 години затвор, од кои до сега одлежал 14. Од тие 14 години барем 15 месеци се во строга изолација, во ќелија без дневна светлина, со забрана за физичка активност.

Толку од правдината во светот. Реалноста е дека беше замената кошарката со помалце од грам масло хашиш во нејзе, за претприемач чии зделки некому не се допаднале. Истите луѓе кои го осудија за мисловен деликт, секој ден ги прават истите такви зделки, ако не многу полоши, секако во неспоредливо поголеми размери.