АктуелноЛокално

Измените на КЗ ќе му ја намалат казната на екс директорот на Онкологија, Нино Васев ако биде осуден

Екс директорот на Онкологија, кој е дел од истрагата за скандалот со злоупотребата на лекови за болните од канцер на клиниката, благодарение на измените на КЗ, сега ќе се соочи со поблага казна доколку биде осуден за несовесно работење за пациент кој починал откако не му бил препишуван лек за малиген меланом.

Имавте можност да го видите ефектот на измените на КЗ во Судница, во пракса, во реалниот живот, на конкретен предмет. Казната се менува од 5 на 3 години затвор. Тоа значи дека факторот време ќе влијае драстично на времето кога овој предмет може да застари за било каков кривичен прогон, вели Раичевиќ.

Васев се соочува со уште едно кривично дело во истрагата за начинот на лекување на пациенти на Онкологија, која е во тек. Вчера надлежни обвинители од Скопје биле во посета на колегите во Косово со цел да се олесни прибирањето на докази.

Васев ако не за скандалот со Онкологија кој предизвика големи реакции во јавноста, може да се спаси од делото за кое е сега на суд, бидејќи случајот согласно измените на КЗ сега наместо за 10 години му застраува за 6 години, односно во ноември 2024. Раичевиќ вели не се чувствува навредена од измените.

Што и да се случи, каква промена, каков акт или упад на системот, како што беше оквалификуван од академик Камбовски за Јавниот обвинител не смее да предизвика навреда или било каква емоција. Она што Јавниот обвинител треба да го направи е во донесувањето на овој закон. Јас не сум задоволна од аргументацијата изнесена досега,“ вели Раичевиќ.

До Васев на обивнителна клупа се уште двајца доктори од Онкологија, Игор Стојковски и Марија Симоновска. Тие се товарат дека 3 месеци на пацинетот не му пропишувале терапија, по што здравствена состојба му се влошила и починал во јануари 2019. Тие пред судот кажаа дека не се чувствуваат виновни. Главната расправа на судењето е закажана за нареден месец, на кој ќе се сослушуваат вештаците.

Преземено од Телма – Марија Митевска