Презентација на едицијата Словокулт: Словотека во КИЦ
На 22 септември (петок) со почеток од 19:30 часот во Културно информативен центар – Скопје,Салон Империјал 2 ке се одржи презентација на Словокулт.
СловоКулт : Берлин како онлајн портал постои од 2008 година, од 2015 како регистрирана мала издавачка куќа, а од 2016 како двојазично онлајн-списание за современа поезија и уметност и веќе поседува етаблиран концепт на прикажување современи и авангардни уметности во иновативен, интердисциплинарен, мултимедијален и повеќејазичен контекст – презентирајќи интернационални, – но претежно македонски и германски – книжевни, ликовни и звуковни уметници, што е содржано и во поднасловот: Текст/Визија/Звук – Text/Vision/Sound што најдобро можете да го забележите и во уметничките видеа што СловоКулт ги продуцира.
Реализираше две успешни изданија на биеналето за современи уметности (2018 и 2020), во Гевгелија, Скопје и Берлин, кое во 2023 се планира да се преобрази и да продолжи како серијал во Берлин и Скопје. Книжевен документ од биеналето е антолошката публикација во која се содржани дела од сите книжевни и ликовни уметници што учествуваа.Овој настан е комбинација и презентација на избрана поезија во двојазична полифонија со видео изложба и импровизиран звук од врвни локални, но и интернационални уметници, е единствена и неповторлива, бидејќи самиот настан се претвора во едно својствено уметничко дело.
ПРОГРАМА:19:30 часот Продажен салон:Отворање на изложбата со дела од Ирена Паскали (Келн), Иван Ивановски (Скопје), Елизабета Костадиновска (Берлин) и Дијана Томиќ Радевска (Скопје), кои се илустрации во книжевните изданија.20:30 часот Салон Империјал 2:Интердисциплинарен, мултимедијален и повеќејазичен настан од неколку дела:- Книжевност:
-Рон Винклер (Берлин) и Елизабета Костадиновска (Берлин) ќе читаат свои текстови објавени во СловоКулт : публикации – (презентирањето ќе биде двојазично и тријазично
– Стихови на македонски од книжевните изданија ќе читаат македонските поети Александар Кирковски и Мануела Златкова
– Видео презентација на поезија од Софи Рајер и Краус
– Музика: Мартин Георгиевски (Amplidyne effect) и Андреј Татарчевски од Скопје, Валерија Мерлини (JD Zazie) и Максимилијан Богнер (Margaret Unknown) од Берлин.
– Видео изложба на делата од уметниците објавени во публикациите на СловоКулт и Арт Еквилибриум.
Настанот е финансиран од Град Скопје и е дел од проектот „Скопје кандидат за Европска престолнина на културата 2028