Бомбите – потврда дека криминалот е впишан во кодот на високитe ешалони на власта

Бомба

Разорна бомба: Заев договора да паднат судски предмети, „позадински комбинациите се правени со Катица, Оливер, со Радмила“https://www.youtube.com/watch?v=W3VhGSs9UqE&feature=emb_title

Публикувахте от Скандал в Събота, 11 юли 2020 г.

Неделава бевме сведоци на објави на нови аудио и видео “бомби” кои повторно го покажаа тоа што на сите одамна ни е јасно, дека криминалот е впишан во кодот на високите функционери на СДС. 

Најновите снимки, во кои Заев разговара со непознат соговорник. покажуваат како се прават разни комбинации  и шеми за паѓање на судски случаи. Филмови се правени за да нема притвори, вели Заев и објаснува дека паѓаат предметите „Tалир 2″, „Поштенска банка,”  „на Али Ахмети попис” и „еден куп други предмети” на Специјалното јавно обвинутелство. “Но, тој е ризикот“ –  вели Заев.

Во разговорот Заев вели дека “позадинската игра” била правена со знаење на “Оливер, Радмила, Катица”, кои биле информирани за сė. „Она знае што треба да прави“, вели Заев, а оваа реплика најверојатно се однесува на Катица Јанева. Во “бомбата” се зборува и за тоа како новите решенија ќе поминат во парламентот, при што Заев вели дека пратениците се “врзани”. 

Свежа е и вчерашната бомба во која Зоран Заев ги навредува Албанците. Тој кажува дека албанските гласови во државата не вредат пет пари, а веднаш по бомбата, Албанците му вратија да не смета на албанските гласови.

Претходно, во друга бомба со контроверзниот бизнисмен Дака, се слуша како се дава мито од 300.000 евра пред референдумот за промена на името на државата, а главни актери во таа бомба се тогашниот премиер на државата Зоран Заев и генералниот секретар на владата, Драги Рашковски.

Во бомбата од почетокот на неделата ја видовме Радмила Шеќеринска во бомбона друштво со Катица Јанева и Боки 13, на што својствено за неа дрско и лицемерно се бранеше дека разговарале за законот за ОЈО, небаре сите ние не знаеме дека сега осудените за рекетарство Катива и Боки 13 се само жртвени јагниња на криминалната машинерија на СДС предворена од Шеќеринска и Заев. 

Коментирајќи ги бомбите од Левица нагласија дека: “За правда не се потребни само институции, процедури и нормативни одредби, туку потребни се личности со кредибилитет и личен интегритет и без транзициски багаж. Правдата ќе стигне кога народот ќе ви пресуди!”

За последната бомба од денес, Претседателот на Левица, проф, д-р Димитар Апасиев напиша:


“Во која тоа држава, без огледа дали е од Европска или Афричка унија, премиер фатен на дело како МЕСТИ СУДСКИ ПРЕДМЕТИ со судии и обвинители – останува во трка за премиерска позиција!?

Зоран ЗАЕВ: „Паѓа Tалир 2, паѓа Поштенска банка, паѓаат еден куп предмети, паѓа на Али Ахмети пописот…“

p.s. Карма е кучка, друже. Со бомби дојде, со бомби си одиш!


Во која тоа држава, без огледа дали е од Европска или Афричка унија, премиер фатен на дело како МЕСТИ СУДСКИ ПРЕДМЕТИ со…

Публикувахте от Димитар Апасиев в Събота, 11 юли 2020 г.