Дијабетичарите спасот го бараат кај Народниот правобранител
Дијабетичарите спасот го бараат кај Народниот правобранител. Сојузот на здруженија на дијабетичари кај омбудсманот Насер Зибери испрати претставка затоа што Министерството за здравство не им обезбедува глукомери и ленти за мерење на шеќерот кои се неопходни за да се контролира оваа хронична болест.
„За состојбата во која се наоѓаме 116 илјади граѓани од кои 4 илјади се со дијабетес тип еден (600 деца), како и во името на 44 илјади пациенти кои зависат од инсулин и од таблетарна терапија, Сојузот во името на сите нив се обраќа до правобранителот и бара од него заштита во постапките за остварување на правата на пациентите“, му пишаа дијабетичарите на Зибери.
Обврската за редовна набавка на глукомерите и лентите, согласно член 16 од Законот за здравствена заштита и Програмата на Владата за набавка на инсулини, антидијабетна терапија, системи за континуирано мерење на гликемија и пумпи од 1 февруари годинава е исклучиво на Министерството за здравство со буџетски пари преку тендери за период од две години.
Според Сојузот на здруженија на дијабетичари, претходниот тендер истекол на крајот на 2022 година, а следната тендерска постапка наместо да се распише пред крајот на претходниот тендер, се распишала дури во април. Поради тоа, пациентите со дијабетес девет месеци се оставени без неопходните глукомери и ленти.
Оттаму до Министерството за здравство поднесоа и претставка затоа што им е предизвикана материјална штета поради тоа што со месеци сами купуваат се од сопствените средства. Но од Министерството не одговориле на оваа претставка