АктуелноИнтернационалноЛокално

Aлександар Ној, член на Бундестагот од Ди Линке (Левица): Не може да се менува име само затоа што Грција, САД, Германија, НАТО и ЕУ го сакаат тоа

Државата Македонија е во жестока борба за нејзиното име. Иако јас ги критикувам некои тврдења кои се на македонски историски конструкции, како на пример претставувањето на Александар Македонски како македонски словен, сепак јас ја отрфлам промената на името на државите, само затоа што тоа го бараат Грција, САД, Германија, НАТО и ЕУ, се вели во писмената изјава на Др. Александар С. Нoj, член на германскиот парламент од партија Левица (Де Линке) кој по потекло е од струмичкиот регион.

Неговото писмено обраќање до македонските граѓани го пренесуваме во целост:

„Прво и основно: слободен и суверен акт на секоја држава да си го избира името. Во спротивно таа нација не е слободна и суверена. Исто така, фактот дека не се почитува македонскиот суверинитет е што претставници на САД и ЕУ седат во институциите на македонската држава, со цел да ја „советуваат” (односно командуваат) Македонија, како таа да се движи по „правиот пат” кон „евро-атлантската интеграција”.

Второ: Пред 100 години Грција ја дуплираше својата територија со ослободување на овој регион од отоманската окупација и освојувајќи го регионот Македонија околу Солун. Во оваа област таа дури и ги задуши словенските Македонци.
Грција нема основа да ги критикува луѓето во македонската држава да не го користат државно име Македонија. Не е точно ни тврдењето дека името Македонија би значело дека македонската држава би можела да се обиде да бара назад или па дури да го освои солунскиот регион.

Однесувањето на некои Грци кои го тврдат ова, е крајно националистичко. Јас не ги критикувам сите грчки луѓе – напротив. Ги поддржувам сите луѓе со леви, социјални и интернационални размислувања во Грција и насекаде. 
Обичните луѓе во Македонија и Грција и Србија треба да работат заедно на некои други сериозни проблеми, како социјални, економски, здравствени, образовни или дури и сепаратистички предизвици.

Трето: Луѓето во Македонија треба да одлучат кој има право да ја одреди судбината на Македонија: САД, ЕУ и Берлин или народот на Македонија? Дали луѓето во Македонија се подготвени да се откажат од своето право на самоопределување поради некои празни ветувања, како подобар живот во ЕУ и НАТО? ЕУ нема да се прошири (да ја прими Македонија) во наредните децении.

И уште нешто – не е јасно ни тоа дали самата ЕУ ќе ја преживее својата длабока криза, која се простира на повеќе нивоа.

И НАТО? Дали семејствата на Македонија навистина сакаат да ги жртвуваат своите синови во војните на НАТО предводени од САД. Само сакам да ве потсетам дека НАТО ја бомбардираше братската држава Србија. Само сакам да ве потсетам дека земјите-членки на НАТО го поддржуваа албанското востание против Македонија и нејзиниот народ и ја принудија Македонија на лоши отстапки за да го задоволи албанскиот национализам во Македонија или дури и да создаде основа за сепаратистички амбиции против Македонија.

САД, Велика Британија и Германија ги поддржуваат речиси сите барања на албанското малцинство во Македонија и Србија (Косово). 
Тие го користат албанскиот иредентизам за да ги уценуваат Србија и Македонија да потклекнат пред НАТО и на ЕУ.

Внатре или надвор од НАТО и ЕУ, Македонија, Србија или БиХ или други земји од Балканот (почнувајќи од Словенија и од Унгарија и завршувајќи со Бугарија и Грција) ќе останат недоверливи на овие организации. Во или надвор од НАТО и ЕУ, Македонија, Србија, или БиХ, или другите балкански држави (почнувајќи од Словенија и од Унгарија и завршувајќи со Бугарија и Грција) ќе останат аутсајдери на овие организации. Граѓаните на Македонија можеа да видат како ЕУ (под германско водство) ја потисна Грција.

Само погледнете кон Бугарија: Навистина ли во Бугарија сега е рај откога влезе во ЕУ? Од страна на ЕУ и САД Бугарија беше принудена да се откаже од гасоводот Јужен тек. Бугарија губи по неколку стотици милиони евра годишно поради изгубените транзитни надоместоци. ЕУ и САД не ја компензираат Бугарија зa оваа огромна штета. 
Jас сум сигурен дека Македонија ќе изгуби повеќе од тоа што ќе го добие со овој лош договор.

Значи, луѓето во Македонија мора да одлучат помеѓу самопочитувањето и тесната соработка со братските земји за развивање на свој сопствен пат или пак да го изгубат суверенитетот, самоопределувањето и самопочитувањето, да бидат само верен сателит на Вашингтон, Брисел и Берлин за ништо друго, освен да станат членка на таканаречената евро-атлантска заедница. 
Луѓето од источна и југоисточна Европа се рамноправни Европејци како луѓе од Германија или Франција. Или пак луѓето од Велика Британија не се повеќе Европејци поради напуштањето на ЕУ?

Одлуката за идното име на Македонија е токму оваа одлука меѓу самопочит и потчинување“.

Преземено од МКД.мк