АктуелноЛокално

Сведоштва од Онкологија: Ми тежи смртта на тетка ми како камен сите овие години

Имам едно прашање кое ме мачи веќе одамна. Зошто Брза Помош на повик, жената на која ѝ се слошило, ја носи на Онкологија, а не на Ургетно Одделение???!!! Таму жената – тетка ми – наместо да добие соодветна терапија, ја ставаат НА ИНФУЗИЈА, зашто нели како оперирана од тумор на дојка, сега е во метастази и умира!!!!!!!!!!!!!!!!

Јас и тогаш се карав и викав и НИШТО!!! Ама тогаш не го знаев овој МОМЕНТ СО ИНФУЗИИВЕ! Ама знам неколку работи:

Жената никако не требала да се однесе на Онкологија, туку во Ургентно! “КОЈ“ од Брзата Помош одредил со еден поглед дека жената има метастази и умира, па соодветно на наодот ја пратил на Онкологија?! Тетка ми упорно ја вадеше инфузијата и викаше: “Не можам да ја издржам, ме гуши“! Упорно ѝ ја враќаа, додека истиот ден НЕ ПОЧИНА!!!!

Лекарката – млада и плава (толку се сеќавам, ама го има името на “докторката“ во документите), нѐ убедуваше дека све прегледале и дека “тоа е тоа“, на жената и дошол крајот! Тетка ми умре гушејќи се! Ама, не од рак! Наодот од аутопсијата беше “слабост на срцето“!

Докторот кој нѝ ја пишуваше отпусната листа напиша, парафразирам – умрела од рак!

Почнав да му викам: „Гледаш ли дека пишува во однос на ракот, оперирана од рак на дојка, сѐ е отстрането и нема никакви траги од нови метастази“

Почна да се заканува ќе викнел Полиција! Викам, викни, сакам да викнеш, и да го прочитаме наодот пред нив, а што е она што го пишуваш ти!

За жал, не беше само до мене, другите од семејството не сакаа да се спорат, расправаат или тужат, и толку, се заврши!
Ми тежи смртта на тетка ми како камен сите овие години, зашто и тогаш знаев, а сега СУМ СИГУРНА, дека не требаше да умре. Барем не тогаш.