Цуцуловски: Бугарија спрема протекторизација на Република Македонија
- Фејсбук статус на Проф. Др. – Љубомир Цуцуловски
Вчера напишав, денес повторувам, дека веќе не се во прашање само македонската историја, македонскиот народ и македонскиот јазик, туку дека сè подоминантна станува тенденција Република Македонија да се сведе/редуцира на бугарски протекторат.
Индиции за овој процес не наоѓам само во упорното бугарско одбивање да го прифати ноторниот факт дека за време на Втората светска војна била окупатор на овие простори, прикажувајќи ја окупацијата како администрирање, туку и сегашните бугарски апетити да арбитрира/одлучува/пресудува дури и во пишувањето на македонските учебници.
Од своја страна, протекторат значи токму тоа – зависност на определена држава или територија од друга/туѓа држава, која има скоро неограничени ингеренции/права врз државата-протекторат. Оттука, вниманието на македонската јавност (како политичка, така и граѓанска) мора да се концентрира и на овој план, на планот на протекторизација на Република Македонија, наместо проблемот да се редуцира само на историјата, народот или јазикот, бидејќи тие претставуваат само дел од еден монструозен проект.
Кон постот приложувам дел од дефиницијата на поимот „протекторат“, дадена во светски референтната „Енциклопедија Британика“ [P r o t e c t o r a t e. (2015). Encyclopædia Britannica. Encyclopædia Britannica Ultimate Reference Suite. Chicago: Encyclopædia Britannica.]