АктуелноЛокално

Изложба на делата од меѓународната ликовна колонија Дрен

Денес во Национална установа- Центар за култура “Бели мугри”- Кочани можете да ја проследите поставката на делата од меѓународната ликовна колонија ДРЕН 2020. Отворањето ќе биде во 12:30 часот во Салон фоаје 2.

Стремежот кон приближување до светските современи ликовни тенденции, артикулирани преку апстрактниот пејзажизам и геометриската апстракција, ги обединува ликовните автори на делата претставени на сликарската колонија „ДРЕН 2020“. Богатството на колористичните звуци и вибрации на лирските апстракции се одбиваат од ѕидната површина и акустично се дифузирааат низ етерот. Притоа, со одѕвонувањето на боените звуци, авторите го декодираат клучот на една имагинарна реалност и димензија. „ДРЕН“ постои од 2008 година и оваа година ја организира сопствената дванаесетта колонија. На изложбата учествуваат четиринаесет уметници, меѓу кои: ЏигдемЃуллу, Ибрахим Беди, Мирко Вујисиќ, МикицаТрујкановиќ, Драган Најденовски, Марија Стојаноска Петковски, Тони Чатлески, Мирјана Крстева Масети, Владимир Темков, ЖаниГелевска, Марјан Стојаноски, Александра Димитрова, Ангел Коруновски и Тамара Танкоска.