АктуелноЛокално

МОН со партиски огласи за унапредување се подготвува за изборната година

  • Реакција на Левица – Сектор Образование

Нема дилема дека МОН се подготвува со полна пареа, но не за отпочнување на наставната, туку за изборната година.
Минатиот петок, на крај од работната недела, на нивната веб страна беа објавени интерни ОГЛАСИ за унапредување на административни службеници. Бескрајна е креативноста при смислување наслови за новите, повисоко платени работни позиции, но она што е посебно впечатливо се критериумите, особено бараното образование за одделни работни позиции.

Така, Раководител на секторот за учебници и педагошко советување ќе стане психолог кој треба да се разбира од финансиско управување; Советник за поддршка на јавните набавки ќе биде унапреден некој со диплома од општествени науки кој исто така треба да биде вешт во финансиско управување; а работната позиција Самостоен референт за преговори и интеграција ќе ја пополни завршен ГИМНАЗИЈАЛЕЦ.

Повеќе од очигледно е дека целта на ваквите унапредувања не е унапредување на образованието, туку наградување на партиски војници кои се вработуваат за да земаат плата, а не за да работат.

Во меѓувреме учениците ќе добиваат учебници во мај место во септември, а најнеспособниот министер ШАЌИРИ ќе открива кои му се надлежностите и делокругот на работа дури откако ќе нема свидетелства на крајот од наставната година.