Разрешен Училишен одбор во Битола поради дискриминација на ученик
Советот на Општина Битола ги разреши членовите на Училишниот одбор во Средното техничко улилиште „Ѓорги Наумов“ и назначи нови по објавата во порталот СДК и ТВ Телма дека Државниот просветен инспекторат истражува случај за наводна дискиминација врз ученик со џуџест раст, кој се запишал во прва година, а потоа му биле вратени документите назад. Разрешувањето го предложи советникот од СДСМ Борче Корлевски, а беше изгласан со 18 гласови „за“ од советниците на СДСМ со коалицијата, Поинаку и Левица. Против гласаа 11 советници од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери.
„Промената на Училипшниот одбор е надлежност на локалната самоуправа зашто градоначалникот до сега не најде за сходно да го контролира училишниот процес и однесувањето на директорот. Во училиштето има напредни услови за настава, ама нема разум и однесување. Несвојствено во 21 век е лице со попречености да го прашате како ќе смениш ти мотор. Ние сме пример не само во Македонија и во светот дека поголем глупост од оваа нема кажано никој. Среќа што сме информирани преку медиумите“, рече Корлевски.
Советниците од Левица побараа од градоначалникот да ја разреши и директорката на училиштето Жанета Сервини.
„Во изминатиот период од година дена неколку пати апелиравме за скандалите кои ја тресат оваа образована инситуација. На 3 ноември 2022 година поднесовме барање до градоначалникот за нејзино разрешување поради носење на ученици во Бугарија на разговор со Милен Врабевски кој е основач на бугарската фондација морија’ На 20 фвруари годинава поднесовме ново барање за нејзино разрешување поради злоупотреба на ученици за партиско пртепукување со бившиот директор. Ова е трет скандал. Ова училиште нааместо да биде пример за лицата од ранлива категорија, тие вршат дискриминација“, рече Горан Велевски од Левица.