(Видео) Мециновиќ: СДС нема да успее да ги возобнови фашистичките апетити
- Извадок од минатогодишната дебата пред гласањето на т.н. Француски предлог на портпаролот на Левица Амар Мециновиќ со пратеник од СДС:
,Моментално имаме нелегитимна Влада која е поставена на мнозинство кое се прекројуваше и успеа да остане во некоја изопачена форма преку киднапирање на пратеник. Оваа Влада е непредвидлива, бидејќи знаеме дека тие што владеат со државата – пробугарската власт е спремна да направи сѐ да го задржи мнозинството и да истера колку што е легалистички возможно бидејќи ЛЕГИТИМИТЕТОТ е одамна излезен низ прозор.
Во случај да помине ова утре што планираат да помине, иако ќе има неверојатен притисок од македонскиот народ пред Собрание, можеби и за таму СДС планира некои сценарија.
На крај, можеби ќе проработи и моралниот кодекс на некои поединечни пратеници од мнозинството кои нема да сакаат да бидат на погрешната страна на историјата, кои нема да дозволат рехабилитација на фашистички апетити, кои нема да дозволат антифашистичките постулати на кои е поставена Република Македонија да бидат погазени – затоа што ние сме победник во Втората светска војна, и тоа знаеме против кого сме победиле и кого повторно треба да победиме’’.