АктуелноЛокалноСтав

Последната битка пред „војна“

  • Пишува Дејан Димовски – член на Локалниот огранок на Левица во Ѓорче Петров

Осумнаесети август – синоним за гордост, достоинство, самопочит, независност, слобода и пркос. Ден на Армијата, свеченост на Македонија и празник за душата. Армијата е симбол за независност, постоење и достоинство. На 18ти август 1943 година на Славеј планина е формиран батаљонот Мирче Ацев, првата легална воена формација за ослободување на Македонија од фашистите. 

Денес, на истиот голем ден за Македонија симболот на антифашистичката борба и непокор, балистичко-врховистичата коалиција ја закажува седницата за измена на Уставот со тоа што неопходно било да се внесат Бугарите и само што не сме влегле во ЕУ… Датумот не го избраа случајно. Го избраа за да нѐ понижат, за да повторно ни го погазат достоинството и да мислат дека ќе молчиме и ќе трпиме.

Но дали ќе трпиме? Дали сѐ уште ќе молчиме? Или ќе го браниме нашето! Туѓо не сакаме своето не го даваме. Ако нив може да ги обедини интересот нас – мора да нѐ обедини опстанокот. Елитата воспитувана од колонизаторите е главен непријател на својот народ. 

Три децении нѐ понижуваа… најнапред бевме БЈРМ, па сменија знаме, направија војна, потпишаа рамковен договор на кој боде очи сликата од масата со потписи на кој се потпишаа врховистичкиот војвода, тогашниот Претседател на Македонија и мајсторот за приватизација. Ги испокрадоа фабриките, ни ги направија родителите стечајци, воведоаа балансер, амнестираа терости, убијци, сменија име, сменија Устав, создадоа шовинистичка територијална организација, не почитуваа референдумско изјаснување, потпишаа бугарски договор… и ние сѐ треба да трпиме. Распродаваат сѐ што е свето, сѐ што е традиција историја, а не се способни на децата ни сведетелства да им испачатат за завршено одделение во образовниот систем што сами смислено го уништија. 

За балистичко-врховистичката сепаратистичка коалиција потпомогната од корумпираната олигархија и од колонизаторите, 18 август е уште еден обичен ден за да го погазат Македонското достоинство. За нас 18 август е симбол на борба за слобода, симбол на пиреј и непокор. 

НЕ за уставните измени и не за Бугарите во Уставот е последна битка пред “војна”. Политичка битка во која измена на Уставот нема да има и избори во кој единствена опција е скорот на семафор да изброи повеќе пратеници за Левица од ДУИ, сѐ со цел да може да се отпочне војна со олигархијата, лихварите-банкари и корумпираните политичари за да си ја вратиме државата на прав пат!