БиблиотекаИнтернационалноПревод

Томас Санкара (1987) – Говор за надворешниот долг на ОАЕ

Во чест на роденденот на марксистичкиот револуционер и претседател на Буркина Фасо, Томас Санкара го споделуваме овој негов цитат:

,,Ние сметаме дека долгот треба да се гледа од гледна точка на неговото потекло, а потеклото на долгот доаѓа од потеклото на колонијализмот. Оние кои ни даваат пари се оние што пред тоа колонизираа, тие се оние кои управуваа со нашите држави и економии.

Колонизаторите се оние кои ја задолжуваа Африка преку нивните браќа и роднини, кои беа во функција на зајмувачи. Ние немавме врска со овој долг. Затоа не можеме да го платиме. Долгот е неоколонијализам, во кој колонизаторите се трансформираа во “технички помошници”. Треба подобро да ги наречеме “технички убијци”.

Тие ни презентираат финансирање, со финансиски поддржувачи. Како некој да може да создаде развој преку таа поддршка. Ние сме биле советувани да одиме кај овие заемодавци. Ни биле предлагани убави финансиски планови. Ние бевме задолжени педесет, шеесет години и повеќе. Тоа значи дека сме го компромитирале нашиот народ за педесет и повеќе години.

Според сегашната форма, контролиран од империјализмот, долгот е паметно управувано повторно освојување на Африка, со цел да се потчини нејзиниот раст и развој со помош на странски правила. Така, секој од нас станува финансиски роб, што значи станува вистински роб “

Томас Санкара (1987) – Говор за надворешниот долг на ОАЕ