Капитализмот како најсуров облик на општествено уредување

Иако не изгледа така, лаже капитализмот со своето шаренило, полни продавници во кои не можеш да купиш ништо, шарени бои, евтина забава, ветување дека можеш и ти да станеш богат ако доволно работиш и се трудиш, ако те бива.

Реалноста е дека ако си сиромашен роден ќе умреш таков. Никој нема да ти даде шанса. Немаш шанса за добро образование, немаш врски во општеството кои би ти помогнале да успееш, немаш никаква шанса и од сам старт си осуден на доживотна мизерија и борба.

Во основа ова е природна селекција, не на најдобрите туку на најниските, најнеморалните, најсуровите. Дишат посебен воздух со прочистувачи по дома, подобра храна што значи подобро здравје, се лекуваат подобро, помал стрес за преживување. Другите јадете рефус виршли и надевајте се на најдобро.

Покрај што капитализмот ќе те убие физички, ја убива и душатата. Си само производ кој се продава, со кој се тргува, не си човек. Си само конзумент кој вреди онолку колку што може да потроши. Капитализмот ќе го уништи светот, ако не го уништиме ние капитализмот.

Фејсбук статус на Божидар Божиновски.