Ристов ја разби националистичката теза на Таравари
Членот на Президиумот на Левица, кој во исто време е и Претседател на Советот на Општина Карпош, Бранко Ристов, на својот фејсбук профил реагираше на националистичките тези на градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари.
Имено, Таравари, во во интервјут за Топ чанел, највероватно во желба да го владее наративот кај албанците, изнесе еден куп националистички тези, кои на моменти дури и звучат апсурдно. Меѓу другото, Таравари во интервјуто вели дека населбите каде доминантно живеат Македонци се подобри и почисти од оние каде што живеат Албанци, само поради тоа што албанците се дискриминирани.
Ристов од Левица, пренесувајќи дел од интервјуто, на Таравари му одговори дека тоа не е поврзано со какви етнички групи живеат, туку кој владее со тие населени места.
– Во Карпош живеат секакви етникуми, разликите во условите се класно детерминирани. Проблемите во наведените примери што намерно се заобиколуваат е што таму каде што се на власт етно-трибалисти како ДУИ, Алијанса, БЕСА и сл. не се плаќа данок, сметки за струја, има превработеност по етничко – политички основи итн…, реагираше Ристов. Тој додаде и дека суштината на проблемот се “албанските” партии, дека токму тие се оние што го дискриминираат албанското малцинство преку нивниот средновековен менталитет и начин на владеење, во тие населени места за кои говори Таравари.