Балкански барометар: Недовербата во македонското судство порасната на 82%
„Балкански барометар“ дава преглед на нивните мислења за регионалната соработка, европската интеграција, довербата во јавните институции и медиумите, нивните најголеми грижи, вработувањето, климатските промени, безбедноста, дигиталниот живот, транспортот, владеењето на правото, патувањата.
Во речиси сите области што се опфатени со Балканскиот барометар, кај граѓаните на Македонија се бележи пораст на незадоволството во однос на 2022 година. Земјава е во водствот пред останатите земји од регионот по недовербата во судските институции која изнесува 82 отсто, што е за 10 проценти повеќе во однос на минатата година.
Недоверба во судството и во спроведувањето на законите, незадоволство од здравствените услуги, образовниот систем, транспортната инфраструктура, безбедноста се само дел од областите во кои македонските граѓани не се задоволни. Но, недоверба има и во Собранието, Владата, политичките партии. Ништо подобри не се резултатите и во делот на криминалот, корупцијата, економската ситуација.
Податоците за мислењето на македонските граѓани се презентирани во истражувањето „Балкански барометар“, објавено од Советот за регионална соработка (СРС).
Во речиси сите области кои се опфатени со истражувањето, Македонија бележи пораст на незадоволството во однос на 2022 година. Освен Македонија, во истражувањето, кое се објавува деветти пат по ред и е спроведено меѓу 6 000 граѓани и 1 200 компании, опфатени се земјите од Западен Балкан.