АктуелноЛокално

(Видео) Јанчев: ВМРО-ДПМНЕ реши да распродава општински имот во Гевгелија

  • Обраќањето на Саше Јанчев на 28 седница на Советот на Општина Гевгелија каде на дневен ред беше отворено прашањето дали и како да се располага со општински имот?

Прво се направи обид да се скрие, подметне, продажбата на ресторанот на плажата “Партизан” во Дојран, кој е сопственост на Општина Гевгелија. Подметнувањето се проба да се изведе со ставање дваесет и четири предлог одлуки за располагање со дваесет и четири општински објекти. На сите предлог одлуки во наслов и содржина стоеше “закуп/отуѓување”, односно намерно не се кажуваше дали локалната власт планира овие објекти да ги продава или да ги дава под закуп.

Иако на комисии на Советот беше побарано да се расчисти дали станува збор за давање под закуп или отуѓување, до почеток на седницата до такво расчистување не дојде.

Поради тоа, во својот говор советникот од Левица, Јанчев, праша дали ако стануваше збор за приватен имот на градоначалникот и на советниците дали и тогаш ќе им беше сеедно дали станува збор за давање под закуп или отуѓување.

Потоа советникот потенцираше дек лицата со посебни потреби со години молат за простории и дека во таква ситуација се прави пат за шиткање на општински имот.

Дополнително советникот рече дека советниците не треба да забораваат дека се избрани да штитат јавен интерес, а не приватен интерес на оние кои намерачиле да ги купат општинските објекти.

Во вториот дел од седницата беше разјаснето дека, сега за сега, единствено ресторанот на плажата “Партизан” планираат да го продадат, па советниците од ДПМНЕ благоглаголеа колку е добра приватизацијата на народен имот и правеа споредби со продажба на приватен имот.
На тоа советникот Јанчев рече:

“Национално предавство е секогаш комбинација од распродавање на народен имот со распродавање на националното достоинство. Тие две работи се две страни на иста паричка и одат рака под рака.

Со таа црна приватизација, ова е тој ист терк, ја уништивме Македонија. Буквално Македонија е уништена и нема абер да се застане. Остана уште по некој ситен објект да се распродаде и после ќе бидеме под кирија. Ова мора да застане, ова е расипништво и предавство.”

На крај советникот од Левица побара советниците од ВМРО-ДПМНЕ да гласаат против ако се патриоти како што се претставуваат, што на крај не се случи.