АктуелноИнтернационално

Македонија е на 112 место од 179 земји според индексот на Фондот за мир

Македонија е на 112 место од 179 рангирани земји според индексот на кревкост за 2023 на Фондот за мир, кој ја проценува ранливоста на државите од конфликт или колапс. Индексот се заснова на дванаесет индикатори: безбедносен апарат, фракционерски елементи, групни поплаки, економски пад и сиромаштија, нерамномерен развој, одлив на мозоци, државен легитимитет, јавни услуги, човекови права и владеење на правото, демографски притисоци, бегалци и миграција, надворешна интервенција.

Најнестабилни се земјите кои се прворангирани, а најстабилни оние кои се на крајот од листата.

Фондот за мир, како покревки и поестабилни од Македонија, во регионот ги оценува Босна и Херцеговина која е на 77 место и Србија 92. Црна Гора е 119, Албанија 121, Грција 123, Бугарија 131, Хрватска 136, а најстабила е Словенија на 163 позиција.

Украина во која сде води војна е на 18 место, Русија е 53, а САД 141.

Најстабилни се нордиските земји – Норвешка, Исланд и Финска, следени од Нов Зеланд и Швајцарија. Најнестабилни и најризични држави, пак, се Сомалија, Јемен, Јужен Судан, ДР Конго и Сирија, покажува извештајот на американската невладина и непрофитна органзиација Фонд за мир.