(Видео) Левица: Сквернавањрто и обезименувањето на историските споменици е политичка тенденција
- Реакција на Левица – Сектор култура
Сквернавењето, крадењето и обезименувањето на нашите споменици се одвива веќе подолго време, низ целата територија на Република Македонија, но особено во подрачјето на Скопје, каде што се наоѓа поголемиот број на споменици и културни обележја, уште од античко време, па се до современа Македонија.
Зачудувачки е фактот што секогаш кога ќе треба да извршиме некаква политичка корекција на нашето минато, се случуваат промени кај нашите културни обележја. Со последните случувања со т.н. француски предлог, фокусот на вандалството се пренесе врз великаните кои беа заслужни за дефинирање на нашиот јазик, народ и држава, како што се Блаже Конески, црвениот поет Кочо Рацин и многу револуционери кои го дале својот живот за оваа земја, особено нашиот најголем великан Гоце Делчев, кој е обезименет поради моменталните затегнати односи со Бугарија!
Повеќето од нивните бисти недостасуваат или имињата се прекриени до непрепознавање и оставени на забот на времето. Ваквиот срам има и меѓународна димензија – странските посетители се чудат и негодуваат бидејќи не знаат за кои личности станува збор.
Оваа појава мора да запре, одговорните за ваквите нецивилизирани чинови да бидат казнети и властите итно да започнат со санација и грижа за нашето историско наследство.