САД испраќа муниција со осиромашен ураниум во Украина
Белата куќа планира да испрати тенковска муниција со осиромашен ураниум во Украина, пишува „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на американски медиуми.
По една недела внатрешна дебата за тоа како и со што да се опремат тенковите „Абрамс“ што САД ги испраќаат во Киев, се очекува администрацијата на Бајден да и обезбеди на Украина оружје со осиромашен ураниум.
Се чини дека нема големи пречки за одобрување на оваа муниција, рече висок функционер на управата за одобрување муниција.
Пентагон инсистира тенковите „Абрамс“, кои Украина ќе ги користи во борбата против руската армија, да бидат вооружени со проектили со осиромашен ураниум, кои вообичаено се користат редовно од американската армија.
Американските власти се надеваат дека тоа ќе ги направи украинските тенкови поефикасни во борбата против руските тенкови. „Истрелани со голема брзина, проектилите се способни да навлезат во фронталниот оклоп на руски тенк од голема далечина“, објаснува Волстрит журнал.