АктуелноЛокалноНастани

Концерт на Јордан Костов квартет во КИЦ

На 25.05 (четврток) со почеток во 20 часот во Културно-информативен центар – Скопје, Салон 19:19 ке се одржи концерт на Јордан Костов.

Музиката на Јордан Костов патува низ измислените градови. На овој концерт ќе биде презентирана неговата најнова музика , компонирана во Токио , Ханој , Сајгон , Кунмумг и на неговиот пат за назад во родната Македонија. Со него на сцена ќе Ајуми Саита вокал , Саша Саита – перкусии, Андреа Мирческа контрабас.

Ова е прв концерт во серијалот unplugged концерти кои ќе се реализираат во Салон 19:19 во рамки на годишната музичка програма за 2023 година. 

Јордан Костов е македонски музички уметник, хармоникаш, пијанист, композитор, импровизатор, аранжер и продуцент. Тој ѝ припаѓа на генерацијата млади македонски уметници кои поодамна имаат раскрстено со предрасудите и кои го имаат надминато стравот од нормална творечка комуникација со глобалниот свет, создавајќи свој, сопствен, уникатен музички израз што упорно им пркоси на сите форми на комерцијалната музика. Слободна по својата суштина, авангардната музика на овој сестран композитор и инструменталист плови во водите на џезот и музиката на светот, едновремено апсорбирајќи ги влијанијата од класичното творештвото и одржувајќи врска со македонската музичка традиција и нејзините егзотични скали и ритмови. Како плоден композитор и поткован инструменталист (класично образование), тој од родното Кавадарци, преку работата со бројни македонски музички колективи („Ансамбл модерна“, „Свирци из Кавадарци“ и „Старовски“), во 2013 година беше поканет да земе учество во реномираниот проект “Swatch Art Peace Hotel”, швајцарско-кинеска програма за иницијатива во културата и уметноста. За таа намена Костов напиша комплетно нова музика која во ноември истата година беше изведена со Оркестарот на традиционални инструменти во Шангај. Оттогаш започнува неговата номадска музичка авантура во новото опкружување којашто трае до денес и која спорадично е прекинувана со кратките негови престои во родната Македонија. Настапот на Yordan Kostov Ensemble на Скопскиот џез фестивал претставува концертна промоција на албумот „Intertwining a Fugue”, најновото издание на SJF Records