„Зборувам со Европа“ – Говор на Кристијан Димков
- Говор на Кристијан Димков (Секретар на Црвена Младина) на ораторскиот натпревар организиран од Европско Движење
Никогаш не се случило, само еднаш и еве сега вторпат во историјата на Европската Унија да се побара од една држава кандидатка двапати да го промени својот Устав и да изврши две национални предавство во само неколку години само за да ги започне пристапните преговори. Со францускиот предлог за бугаризација, Европската Унија само фрли едно сидро што ќе не влече напред во евроинтеграцискиот процес, и ја префрли Република „нашата земја“ Македонија од европската чекална до европското чистилиште од кое нема да видиме позитивен исход.
Сонот за санстефанска Бугарија станува реалност пред нашите очи – тоа е ако остане некој во државава да го види – помогнат, зачудувачки од страна на Европската Унија. Барањата на Бугарија ниту мене, ниту македонската јавност не ги изненадува. Како да се градат добрососедски односи, со сосед кој сака да ти ја земе куќата? Сите во Македонија беа изненадени што токму европската унија, бастионот на демократијата и слободата се согласи за влез во „Европското семејство“ Македонија не да преговара за реформи во судството – во кого довербата е 3% а и таа му е многу, туку за Гоце Делчев. Не за реформи во здравството каде што станува секојдневие смртта на дечиња туку за Даме Груев, Не за високата мулти-милијардерска корупција туку за тоа дали Бугарија била фашистички окупатор или администратор.
Додека македонскатата јавност е фокусирана кон ова силување на македонската историја, јазик и култура, политичките елити само ја користат Европската унија и европската „агенда“ како покритие за нивниот енормен криминал, ако претходниот режим крадеше во име на македонизмот, сегашниот режим краде во име на Европската Унија. Додека устата им пенави: само уште едно национално предавство и влеговме во ЕУ, тие си ги покачија платите за 80%
Токму поради овие причини драга моја Европо, евроскептицизмот во Македонија е на рекордно ниво и се додека вашиот однос кон македонскиот народ не се промени, тој ќе продолжи да расте. А како сте тргнати, како што еднаш изјави големиот државотворник и нобеловец – холокаустот навистина ќе го направите еврејска традиција
Смрт на фашизмот слобода на народот!