Делегација на Левица положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев

  • Соопштение на Политичката партија Левица

Денес, официјална делегација на #Левица, предводена од пратеникот Борислав Крмов и генералниот секретар Јована Мојсоска , положи цвеќе на вечното почивалиште на апостолот на македонската револуционерна борба – Гоце Делчев.

За величината на еден од најголемите македонски револуционери говори неговото дело, каде Делчев најдоследно и најупорно се бори, како против османлиската тиранија и доминација, така и против великобугарскиот врховизам и против сите обиди на бугарскиот монархизам да го искористи македонското национално-револуционерно движење за свои шовинистички цели.

Денес, поради вазалноста и потчинетоста на квинслишката власт, повторно великобугарските апетити се обидуваат да го извалкаат ликот и делото на најистакнатата револуционерна личност од македонската историја.

Делчев е апостолот на македонската национална свест, Делчев е бастионот на македонската државотворност, Делчев е исконскиот порив на секој Македонец за самостојна и независна македонска држава – и затоа, секој напад врз неговиот лик е напад на темелите на македонската Република.

Додека живеат идеалите на Делчев – ќе живее и Републиката!