АктуелноИнтернационално

Израелските окупаторски сили извршија напад во џамијата Ал Акса

Повеќе од 400 Палестинци се приведени, а десетици се ранети во најновиот израелски напад на џамијата Ал Акса, кој се случи со почетокот на еврејскиот празник Пасха.

Израелските окупаторски сили извршија „рација“ во џамијата Ал-Акса и ги нападнаа исламските верници, пукајќи со шок-бомби и метални куршуми обложени со гума директно. Напад беше извршен и во џамијата Ал-Кибли каде што беа тепани верниците со ладно оружје.

Палестинскиот адвокат Фирас Ал Џабрини за „Al Maydan News“ изјави дека повеќе од 400 луѓе биле приведени од внатрешноста на комплексот на џамијата или пред нејзините порти. Од Палестинската Црвена полумесечина соопштија дека десетици верници биле ранети во нападите на израелската окупација, истакнувајќи дека нејзините болничари биле спречени да влезат во џамијата Ал Акса.

Во соопштението, Црвената полумесечина стои дека израелските окупаторски сили ги нападнале и нејзините амбулантни возила и ги спречиле да стигнат до областите каде што беше објавено дека на повеќе луѓе им е потребна медицинска помош.

Палестинските власти и палестинските фракции ја осудија израелската агресија. Премиерот Мохамад Штаје ги обвини израелските окупациски власти за овој напад. Од Хамас претходно предупредија на можен напад од страна на израелските сили.

Денес се појави уште едно видео, како израелските сили ги растеруваат верниците од пред џамија, кои стојат мирно на молитва.