Крајевски: Приватните фирми профитираат на грбот на обичниот работник

  • Статус на Јован Крајевски – член на ЦК Левица и координатор на Сектор – Политичка економија при политичката партија Левица

Џонсон Мети за плата одвоиле 7.8 милиони евра. Пријавиле 10 пати поголем профит – 80 милиони евра.

ИГМ Трејд за плата одвоиле 2.6 милиони евра. Пријавиле 19 пати поголем профит – 51 милиони еврa.

ЕВН за плата одвоиле 2 милиони евра. Пријавиле 14 пати поголем профит – 28 милиони евра.

Профитот на овие фирми е направен врз грбот на нивните 1700 вработени, кои земаат високи плати за македонски стандард (просекот им е над 35.000 денари), но и создаваат профит над македонски стандард (компаниите се во топ 5 по профит лани).

Експлоатација не значи само ниски плати и лоши работни услови. Експлоатација значи дека без разлика ти колку си добро или лошо платен, газдата на твој грб ќе направи многу поголем профит, како што е случајот со овие 5 компании.

Профитот е легална кражба, преку несоодветно плаќање на работната сила на вработените. Разликата помеѓу профитите и исплатените плати под итно мора да се намали, а експлоатацијата да се даночи така што компаниите кои имаат повисок сооднос профит/плати ќе платат и повисок данок.