АктуелноЛокално

Општина Аеродром пола година без градежен инспекторат – Урбаната мафија дивее

  • Реакција на Левица ЛО Аеродром

Општината веќе скоро пола година се мачи со градежната инспекција, бидејќи нема овластен градежен инспектор.
По неколку неуспешни обиди за меѓуопштинска соработка за позајмување градежен инспектор од општина Центар, истата точка повторно на дневен ред.

Во овој вакум на немање градежен инспектор урбаната мафија дивее низ општината, узурпира јавен простор, гради без одобрение и ги ужива благодетите од беззаконието во општината.

‼️Доколку и овој пат не се успее со планот за позајмување инспектор од општина Центар како што беше случај претходните месеци урбаната мафија ќе продолжи да дивее до октомври кога се очекува да заврши обуката и лиценцирањето на новиот инспектор во општината.

Поради нечива неажурност и неспособност општината ќе биде оставена без градежна инспекција цела година во која се трупаат случаи на диво градење за што ќе биде потребно уште една година минимум за истите случаи да се решат.

До кога градоначалникот Тимчо Муцунски ќе бега од одговорноста за овие пропусти во општината кои можеа многу лесно да се избегнат?