АктуелноЛокално

Цените на гасот во Европа падна под 50 евра – Македонија го купува за 98,7 евра

Цените на гасот во Европа падна под 50 евра за мегават, Македонија плаќа двојно повеќе. За прв пат по 18 месеци, природниот гас се продава за 49 евра – што е знак дека ќе се избегне енергетската криза, но и рецесијата. Невообичаеното топло време, полните резерви на складиштата поради рекордниот увоз на течен природен гас во европските земји, доводоа до пад на цената.

Намалената побарувачка од една страна и зголемената понуда од друга страна, како и одржување на резервите на складиштата на задоволително ниво, не може да доведе до ништо друго, освен до пад на цената на гасот.

За разлика од Европа, земјава преку ЕСМ, гас купува по фиксна цена за која плаќа по скоро 100 евра за мегават час или точно 98,7 евра. Бидејќи берзанските цени од јануари паѓаат, а ЕСМ договорот со бугарската фирма Балкан Јутилити го склучува на месечно ниво, само претходниот месец државата по овој основ плати 1,1 милион евра повеќе.

И за февруари со истата фирма склучи ист договор – со фиксна цена, која е два пати повисока од берзанската. Колку дополнително ќе плаќа државата само за разликата во цена – не се открива. Од ЕСМ без одговор дали поради пониските берзански цени ќе ги смени правилата за набавките во март или ќе продолжи да плаќа енормни суми, само за да има сигурна испорака.

Инаку, цените на гасот на светските берзи бележат постојан пад. Во последните 6 месеци цената падна за над 15%, отако беше постигната највисока вредност во август лани. Просекот за цела година пак, покажува пад на цените за 42 отсто.