АктуелноЛокално

Градоначалникот Колев со одлука за отуѓување на земјиштето кај стариот театар во Велес

  • Реакција на Левица – ЛО Велес

Ниту барање со собрани потписи од локалните жители, ниту барање за суспензија на ДУП, долгите дискусии во советот од страна на советниците на Левица како и иницијативата за изградба на современ парк не успеа да го разубеди градоначалникот Колев да застане на правата страна, да покаже слух и разбирање за штетните одлуки кои ги носи.

Изградба на деветокатница на овој дел од градот ќе претставува урбанистичко просторен и сообраќаен колапс кој градоначалникот Колев заслепен од финансиски придобивки не е во можност да го увиди.

Иако предизборните ветувања на Колев беа во насока кон работење според интересите на граѓаните, сепак од градоначалничка позиција предност им дава на градежните олигарси, на кои единствен интерес им е финансиска заработка не водејќи сметка за неповратната штета која ќе ја предизвикаат кон граѓаните во трката за обезбедување на поголем приход.

Развојот на левата страна во градот не смее да биде во насока на бетонизација, урбанистичко гушење, непланско домување и предизвикување опасност по околните домови!

Советниците на Левица во Општина Велес се строго против оваа одлука и ќе застанат на страна на граѓаните со поддршка за секоја активност која ќе значи спречување на намерите на градоначалникот на оваа локација да се изгради деветокатница.