Колозова: Делчев и Мисирков немаат соодветно образование – Многу неписмен народ
Емеинентниот научник од „Северна“ Македонија, Катерина Колозова, вели дека македонските дејци и револуционери како Гоце Делчев и Крсте П. Мисирков, немаат соодветно образование за она што го пишувале за македонската историја, и им препорача на Македонците да читаат учебници од Кембрич. Откако по напишаното доби коментари од оние кои не се согласуваат со неа, во духот на Западната либерална демократија која ја пропагира таа ги избриша сите коментари и напиша: „Многу неписмен народ, затварам за коментари“.
Ова се случи откако членот на Президиумот на Левица, спротивставувајќи се на либералниот историски ревизионизам, кој го наметнува интелектуалната клапа, која важи за блиска до власта и своите „институти“ ги финансира директно од Западните центри на моќ. Во својот статус Исмаил напиша:
„И сеа кога еден Прличев, Мисирков па дури и Рацин, се повикуваат на античката историја на македонскиот народ, јас треба да ја слушам Колозова, Џабир, Цветковиќ, што знам, оној Гелевски и тој до него, дека глупи ќе сме биле и заостанати ако ја продолжиме таквата традиција, си ја зачуваме таквата култура и се обидеме да ја унапредиме.“
Овој став објавен од Антропол, беше споделен од Колозова со текст кој го потценува делото на македонските револуционери и нивните историски видувања, наметнувајќи ревизионистички историски видувања, таа напиша:
„А бе како да ти кажам, треба да слушаш учебници од Кембриџ за ова, и од Сорбона, не мора мене, Џабир и Ирена – а ни Гоце ни Крсте, оти тие не се класичари, немаат соодветно образование, а и старо им е век и кусур.“
Oва објава наиде на жестока критика во коментари дури и од нејзините следбеници и пријатели на социјалните мрежи, по што следеше демократско бришење на секој коментар, окарактеризирувајќи ги како неписмени сите кои напишаа различно мислење од борецот за „Северна“.