АктуелноЛокалноСтав

Георгиевска: Дали НАТО на Балканот „закла погрешно прасе“?

  • Пишува: Мери Георгиевска

Нашите источни комшии, односно Бугарските власти, во соработка со очигледно предавство од страна на домашните предавници, во моментов се натпреваруваат исклучително во две дисциплини: кој е поинаетчија и кој поголем предавник.
И додека нивните филмови во кои ја живеат сегашноста, се историски, минатото на Македонија го доживуваат како своја иднина.
Едните уште од мали се воспитувани на бескрајна верност на своите водачи, што истите ги доживуваат како споменици кои во името на нивната љубов одат и говорат историски глупости, а другите се беспрекорно воспитани да излажат штом зинат.

Ако Европа ни е вистински пријател, и сака да станеме дел од неа, тогаш зошто не реагира на отворените и небулозни закани од страна на Бугарските фашистички власти, кои растат по нивната динамика, но денес експлицитно изречени од европратеникот Ангел Џамбаски со закана за атентат на државникот и претседател на Република Македонија?!?!

Или пак истата таа Европа, што сега наркотично халуцинира оди до таму да ја заборави сопствената историја, кога за време на Првата Светска војна се балканизира сосем некритички, дементно и неетички за потоа да се изроди во апокалиптичен фашизам!

Во што ли ќе се изроди сега Европа, после оваа изјава и секако ако продолжи со игнорирање и оставање на „seen“ на толку посакуваната „идна“ членка Република Македонија??

Надокрај со право можам да заклучам дека се работи директно за уништување на Македонија и сè што е Македонско. А тоа подразбира налози за уништување, искорнување, анихилирање, асимилирање, трансформирање…

Меѓусебно предавниците се разбираат ретко добро, иако говорат на два јазика кои можеби се слични, но испреплетени, слични по нивната недореченост и непрецизност, а испреплетени по нивната сосема различна историја.

Од каде и зошто толку голема енергија на гнев од Бугарските власти односно жед за Македонија? Гневот е производ на инфериорност, а раѓа голема омраза.
Балканот пак одамна е синоним за постојана опасност од избувнување на војна.

Во моментиве сведочиме на целосен политички, дипломатски, меѓудржавен, човечки прекин/дисконекција и илузорна политичка реалност, што значи целосна делузија на највисокиот државен врв на соседна Бугарија, додека Македонија е останата сама на ветрометина, без одбрана од Европа, нити од страна на НАТО.
Во ваков политички колапс на две влади нема победници.

Победник може да биде само Македонскиот народ. Ако сака.