Левица секогаш во одбрана на работничките права
- Соопштение на Левица-Трудов Сектор
На објавениот апел од страна на Левица за пријавување на повреда на работнички права секојдневно пристигнуваат поплаки од работници, на кои работодавачите не им ги почитуваат нивните работнички права.
Такви пријави пристигнаа и за ЈЗУ Здравствен дом Македонски Брод, каде што правата на вработените биле грубо прекршувани со тоа што на медицинскиот персонал не им се исплатувале дежурства, работни часови за прекувремена, ноќна и работа во празник, ниту им се исплаќала работа во смени.
По иницијатива и пријава на Левица до Државниот инспекторат за труд, направен е Вонреден инспекциски надзор и дел од овие средства биле исплатени на работниците, но не сите. Левица нема намера оваа работа да остави половично завршена и ќе направи се од себе работничките права да бидат целосно реализирани!
Во ситуација каде ССМ и надлежните институции се слепи на прекршувањето на правата на работниците, Левица како единствена партија на трудот ги повикува сите работници на кои им се прекршени работничките права како:
неплатени прекувремени часови;
неплатена работа за празник/недела;
неплатен К-15 (или смешен К-15 од 1 000 – 2 000 денари);
вознемирување на работно место и сл. да пријават кај нас на contact@levica.mk или во порака на нашиот фејсбук профил.
Гарантираме анонимност и дека ќе направиме се што е во наша моќ да помогнеме да се остварат правата на работникот!