Левица: Пациентите кои боледуваат од цистична фиброза останаа со празни ветувања
- Реакција на Политичката партија Левица
Асоцијацијата на луѓе кои боледуваат од цистична фиброза протестираше пред Министерството за здравство со цел да им се обезбеди навремено и соодветно лекување, со преку 10 000 потписи во знак на поддршка.
Сепак, актуелниот министер за здравство, Беким Сали и Владата на СДС и ДУИ нема слух за овие проблеми.
Додека се трошат државни пари за бизнисите на кумот на Ковачевски, патни трошоци, енормни тендерски заработки, како и милионски суми кои владата ги троши за сопствени благодети, оваа ранлива група останува без соодветната терапија и помагала. Оставени на маргините во здравствениот систем, асоцијацијата секојдневно наидува на исценирани лавиринти и барикади.
Левица се залага да ги зајакне капацитетите на државното здравство преку зголемени инвестиции и капитални проекти, наместо Македонија да е држава рекордер во трошоци за буџетот на НАТО!
Ваквото индолетно однесување на Министерството за здравство, министерот Беким Сали, Владата на чело со воениот профитер Димитар Ковачевски потврдува дека оваа елита на власт комплетно е оттуѓена од потребите на обичниот човек.