Русија: Нема преговори додека оружјето и платеници на НАТО се во Украина
Висок руски дипломат изјави дека преговорите за безбедносните гаранции за Русија не можат да започнат додека инструкторите и „платениците“ на НАТО се во Украина, односно додека Западот продолжува да испраќа оружје во Украина.
Александар Дарчиев, е шеф во руското Министерство за надворешни работи задолжен за Северна Америка. Тој рече дека преговорите се невозможни додека САД и НАТО се присутни на украинската територија.
„Додека не престане транспортирањето на оружје и финансии за режимот на претседателот на Украина Владимир Зеленски и додека не се повлечат американските и НАТО платениците и инструкторите од Украина“
Тој додаде дека според состојбите на терен, прерано е да се започнат било какви преговори.
„Согледаат реалната состојба што ги дефиниравме на терен, прерано е да се започнат сериозни преговори за безбедносни гаранции во однос на Украина и евроатлантскиот регион. Топката сега е на американската страна од теренот“.
Александар Дарчиев не ја исклучи можноста за прекин на дипломатските односи помеѓу САД и Русија, доколку САД продолжат со директно учество во војната во Украина.
„Можеме само да се надеваме дека Вашингтон ќе го слуша гласот на разумот и нема да ги доведе работите до директен судир меѓу Русија и САД. Во спротивно, прекинот на дипломатските односи може да стане реалност со сите последователни последици“.