АктуелноЛокално

Левица: Неприкосновените од ДУИ одлучуваат за сѐ, а не одговараат за ништо

  • Реакција на Политичката Партија Левица

Аферата „Маџар Телеком“ која во САД доби разрешница и поранешните директори на компанијата добија казна, а во која е утврдено дека се плаќало мито на македонски владини функционери за да ѝ обезбедат на телекомунинкациската компанија монополска положба – повеќе од 10 години се влече во нашите судски ходници.

Во њујоршкиот суд обвинетите признале вина дека во 2006 година биле исплатени 7,5 милиони евра мито на високи претставници на македонската Влада, на водечки претставник на владејачката партија СДСМ и на главниот албански коалициски партнер ДУИ.

Судски епилог за оваа афера, кој е клучен за да се отвори предмет за корумпираните функционери, се чека повеќе од 10 години, а од околу 60 рочишта, со различни маневри, половина се одложени.

Не расчистувањето на овој случај и очигледната тенденција истиот да застари е уште еден доказ дека, наместо сузбивање на корупцијата, со децении наназад се вложуваат напори за нејзино сѐ подлабоко вкоренување.Вмешаноста на функционери од ДУИ во оваа афера е само еден од низата криминали на оваа политичка партија за која не постои кривичен прогон и казна.

Сѐ додека законите не важат за ДУИ – вербата во нашето судството константно ќе се намалува, а корупцијата ќе цути.