АктуелноЕУИнтернационално

Обид за продажба на черепи од колонијалниот период во престолнината на ЕУ

  • Колонијалниот империјализам во капиталистичкото општество го достигна врвот. На продажба ставени три черепи од колонијалниот период на африканската држава Конго и тоа во престолнината на Европската Унија, Брисел. По протестот и жестоките реакции на јавноста аукцијата е повлечена.

Аукциската куќа Вандеркиндере на продажба ставила три черепи од колонијалниот период на африканската држава Конго (1885-1908), кои биле во приватна сопственост на тогашниот крал Леополд Втори.

Оваа вест предизвика критики од различни организации, кои се прелеаја во протести по што ја принудија аукциската куќа да се откаже од продажбата на човечки черепи од белгискиот колонијален период.

„Вандеркиндере искрено се извинува што понуди на аукција три човечки черепи поврзани со колонијалното минато на Белгија, кои поради тоа се повлечени од продажба и ќе бидат вратени во татковината“, објави аукциската куќа на Фејсбук.

„Ние на никаков начин не ги оправдуваме страдањата и понижувањата што ги претрпеа народите кои беа жртви на овие колонијални акти“, рекоа тие.

Ова прашање се појави и за време на работата на специјалниот парламентарен комитет кој го истражуваше колонијалното минато на Белгија, кој популарно е наречено „Комисијата за Конго“.

Една од препораките на претседателот на одборот Воутер Де Вријент има за цел „можно враќање на овие остатоци“ врз основа на „куќниот проект“ на Африканскиот музеј во Тервурен, во близина на Брисел, кој има за цел да идентификува и врати многу од човечките остатоци во сопственост на Музејот.

Партијата Еколо исто така повикува на забрана за трговија со човечки остатоци. „За нас е незамисливо да постои трговијата со човечки остатоци и таа да биде легална во Белгија“, рекоа пратениците на Еколо, Раџа Мауан и Гијом Дефос.

„Осмртните остатоци, вклучувајќи ги и оние на луѓето убиени за време на колонијалниот период, имаат право на апсолутна почит. Не смее да се продаваат трупови, тоа мора да се промени“ велат тие.

Во меѓувреме, Советот допрва треба да најде консензус за тоа дали Белгија треба да им се извини на Демократска Република Конго (ДРК), Руанда и Бурунди за нејзиниот колонијален режим заснован на доминација и експлоатација со економски репарации.