Мадуро: Консумеристичкиот капитализам е причината за климатската катастрофата
Николас Мадуро, претседател на Боливарска Република Венецуела, во својот говор на самитот за климатски промени, COP27 во Египет, зборуваше за причината за климатските промени, за кои главната причина ја гледа во кумулацијата на капиталот.
„Што е причината за климатските промени? Причината е сонот за барање среќа во акумулацијата на капиталот. Постои корелација помеѓу еколошката нерамнотежа и кризата на нееднаквоста, која генерира сиромаштија во светот. Системот кој ја нормализира експлоатацијата на луѓето нема етички услови да ги почитуваат другите форми на постоење.“
Претседателот на Венецуела рече дека консумеристичкиот капитализам е причина за климатската катастрофа, по што цитираше една позната максима од Хуго Чавез.
„Мора да имаме храброст да признаеме дека постои една и единствена причина за климатската катастрофа – тоа е консумеристички капитализам, лаком, предаторски и деструктивен капитализам! Ќе го цитирам командантот Хуго Чавез: ‘За да не ја менуваме климата, ајде да го промениме системот’.“