Mакедонија е заробена држава – Пратениците на Левица обелоденија ново кршење на Уставот од Џафери
На вчерашната Пленарна Седница во Собранието на Република Македонија се случи уште еден од низата преседани предводени од „големиот везир“ Талат Џафери. Имено, на Седницата за првпат во парламентарната историја на Македонија е изгласана одлука со 60 присутни пратеници во салата, што е јасен показател за невладеење на правото, заробена држава и диктатура.
За оваа постапка на Џафери, традиционално во Собранието жестоко се спротивстави пратеникот од Левица, Димитар Апасиев, кој подоцна на фејсубук сподели:
Собранието, спротивно на Устав, за прв пат од АСНОМ до денес, “гласа” со присутни 60 пратеници во сала! Таљат ги помина сите граници на парламентарно силеџиство.
Неговите критики следствено беа поддржани и од Борислав Крмов, кој нагласи тека ова е уште едно кршење на Уставот.
Спротивно на Уставот, под водство на силеџијата Талат Џафери, Собранието гласаше со само 60 пратеници присутни во салата!
Крмов обелодени дека за време на Седницата е вршен и притисок врз службите, кој исфрустриран од неправдата, владејачката коалиција ја ослови со „Насилници“
Суптилно се вршеше притисок на службата да не ја спуштат бројката под 61. Седницата мораше да биде прекината. Насилници! Утре треба Влада да избереме со 60 пратеника и на клоци да ве исфрлиме!
Потсетуваме, дека пред само неколку дена од страна на Европската комисија, Македонија го доби извештајот за 2022 година, во кој историски најлошо беше оценета работата на Собранието предводена од Талат Џафери.