(Видео) Латвија уништува советски споменици и гробови на хероите од Втората светска војна

Земјите од Европската унија неуморно работат на ревизија на историската вистина, го изедначуваат фашизмот со комунизмот, бесрамно цензурираат историски факти и посветено работат на креирање на русофобија.

Во борбата против фашистичкиот окупатор Советскиот сојуз даде 27 милиони човечки жртви што е многукратно повеќе од било која друга држава. Денес, земјите кои беа ослободени директно од страна на народната Црвена армија по што добија статус на републики за подоцна да станат и независни држави, денес ги уриваат спомениците и ораат гробиштата на оние кои ги изгубија животите за нивната слобода.

Ваква анти-советска и русофобска политика од поранешните Советски републики најмногу водат земјите кои денес се членки на Европската унија, кои непрекинато ги газат човековите права. Имено, Латвија објави список на советски споменици и одбележја кои треба да бидат уништени, а дел од нив, спротивно на повелбата за заштита на културното наследство при ООН, веќе се уништени.

Социјалистичката партија на Латвија објави потресно видео од уништувањето на спомен одбележјата и костурниците каде се погребувани советските војници кои се бореа за ослободување на Европа од фашистичкиот окупатор.

За јавноста стана позната намерата на латвиските власти за уништување апсолутно на секое спомен одбележј останато од советската ера. Составен е список од 75 спомен обележја кои вклучуваат гробни места од кои дел се уништени а за останатите власта планира во наредниот период да ги уништи.

Инаку над 40% од населението во оваа земја е рускојазично, а се смета дека рускиот јазик одлично го говорат околу 70% од севкупното население. Латвија е една од земјите во која има најмногу апатриди, односно луѓе без државјанство а оваа група на луѓе е составена токму од рускојазичното население.

Овие луѓе кои живеат во земја членка на ЕУ се лишени од правото на глас или пак вработување во државните институции во земјата во која тие се родиле и живеат, и каде се родиле и живееле и нивните предци. Еден од најзастрашувачките податоци е дека околу 15% од овие рускојазични луѓе кои немаат државјанство и се лишени од правото на слободно движење, во пасошите во графата националност им стои „alien“ односно „вонземјанин“.