(Видео) Апасиев: Ако нема референдум ќе има блокада на Собранието
- Секвенца од вчерашното гостување на претседателот на Левица, Димитар Апасиев.
„Првото наше блокирање беше со Законот за државјанство, кој ние ефективно го блокиравме.
Тоа беше Филибастер со зборување, каде што јас зборував долго на Комисија и тој закон не помина. Власта тогаш, преку заобиколување на Собранието, направи кривично дело и го протна со европско знаменце.
После тоа, сами двајцата блокиравме околу петнаесетина закони со секакви средства. Тука влегуваат и амандмански филибастер и филибастер со зборување, па дури Крмов кажа и физичко блокирање.
Напуштање на Парламентот нема никаква логика, тоа е романтичарски.
Не заборавајте дека сите штетни закони во приватизацијата се донесоа кога ДПМНЕ не беше внатре во Собранието.”