Градоначалникот на Велес не прима странки за да се заштити – а власта тера попис

Модераторот на Локалниот Огранок на Левица во Велес, Димитар Абрашев на својот профил објави дека градоначалникот Аце Коцевски ги има затворено канцелариите за странки со физичко присуство.

Имам информација од повеќе наши сограѓани дека градоначалникот на Општина Велес, поради сериозноста со ситуацијата со ковид не примал странки со физичко присуство во својата канцеларија кој ќе можат да ги искажат своите барања, предлози, жалби итн.

Дали здравјето на функционерите е побитно од здравјето на обичниот човек? Поради истата причина голем дел од нашите сограѓани нема да ги примат попишувачите во своите домови, со цел да не дозволат да го загрозат сопственото здравје и здравјето на нивните блиски. – напиша Абрашев.

Имам информација од повеќе наши сограѓани дека градоначалникот на Општина Велес, поради сериозноста со ситуацијата со…

Posted by Д. Абрашев on Tuesday, 23 March 2021