ЕУ на раскрст помеѓу интересите на САД и благосостојбата и мирот во Европа

На самиот почеток од Специјалната воена операција, која на крајот на февруари ја започна Руската Федерација во Украина, по двата пропаднати мировни договори од Минск што Украина одби да ги спроведе, а чиј гарант беа Германија и Франција, анти-руското расположение во ЕУ, главно диригирано од политичките елити на Брисел како бирократски центар на ЕУ, рапидно порасна. Ваквата состојба дури и се карактеризираше со бизарна цензура на дела, уметници, спортисти и слични општествени дејци, чии настапи беа откажани, забранети и бојкотирани, само поради тоа што доаѓаат од Русија. Но, денеска, по појавата на проблемите со инфлацијата, енергетската и прехрамбена криза во земјите на ЕУ, притисокот кој доаѓа од народот кон поединечните власти во земјите членки на ЕУ, се повеќе ги доведува до прашање позициите на ЕУ кон Руската Федерација и во јавноста го поставува прашањето: чии интереси застапува ЕУ во односот со Руската Федерација?

Главни поенти за народот на ЕУ од конфликтот во Украина

Европскиот народ веќе почнува да се уверува во тоа дека Киев доби евтини пофалби од Западот, но, не и цврсти безбедносни гаранции. Понатаму, дека територијата на Украина се претвори во полигон за тестирање на западното оружје и алатка за целта на САД, во намерата да ја ослабне и исцрпи Русија. Односите на Европа со Русија станаа непријателски, а од соработка и премолчено разбирање не остана речиси ништо. „Санкциите“ го спуштија еврото на минимумот во последните 20 години, инфлацијата рапидно расте во големите европски земји, а енергетската криза е најголемата закана за европскиот народ. Очигледно е тоа дека конфликтот во Украина се одржува, главно со помош на Британија и САД, но, сепак, тоа за Европа и Русија претставува игра каде повеќето држави ќе изгубат, колку подолго трае, толку подлабоки ќе бидат лузните и загубите. Евидентно е дека медиумите во САД и Британија замижуваат пред болката на Европа, па дури и обвинуваат дека таа е неспособна да издржи, и дека цената што Европа ќе ја плати е мала. Дотолку повеќе што, САД копираат во други делови на планетата, создавајќи регионални кризи во име на „мирот“, сè со цел зачувување на нивната хегемонија.

Санкциите против Русија не важат за САД

Додека францускиот претседател Емануел Макрон ги повикува своите граѓани да „издржат“ и да се „жртвуваат“, најавуваќи им дека „периодот на изобилство“ е завршен и дека Французите треба да бидат подготвени за недостиг на производи и технологии што претходно беа достапни, санкциите против Русија не важат за САД. Од една страна, САД продолжуваат да воведуваат санкции кон Русија, а од друга страна, од Русија купуваат стоки што ѝ се потребни, вкупниот трговски промет е повеќе од 1 милијарда долари месечно.

Администрацијата на Џо Бајден не само што не планира да забрани одредени руски стоки, туку дури и поттикнува купување – станува збор, пред сè, за хемиски ѓубрива, од кои повеќе од 100 серии пристигнаа од почетокот на војната. Енергетските испораки од Русија за Соединетите Држави сè уште продолжуваат, бидејќи на одредени компании им беше дозволено да ги завршат постоечките договори пред да ги напуштат руските енергетски превозници.

Ова во САД се објаснува со фактот дека е невозможно целосно да се блокира трговијата со Русија. Всушност, единствената причина е што таквите санкции ќе им наштетат на САД повеќе отколку на Русија. Но, исто така, сè повеќе влијателни медиуми и истражувачки центри повикуваат на тоа дека САД треба да се збогуваат со европските и украинските партнери. Американскиот експерт за надворешна политика, Стивен Вертхајм, во интервју за Foreign policy изјави дека САД треба да ги насочат сите сили во кинескиот правец, но, дотогаш ќе мора да се збогуваат со европските и украинските партнери. Тој, исто така, додаде дека САД мора да ги прекинат прекумерните воени обврски кон другите земји кадешто немаат витални интереси. Според него, Белата куќа презеде премногу обврски, за што наскоро ќе се кае. Поддршката за Украина нема да доведе до ништо добро на долг рок, изјави тој. И прекумерната грижа на САД за европските земји го попречува „ослободувањето на европскиот воен потенцијал“.

Маневарскиот простор на ЕУ е ограничен, додека Русија има повеќе алтернативи

Претставници на француската мултинационална електрична и комунална компанија Electricite de France EDF, што е во голема мера во сопственост на француската држава, известија дека некои од нуклеарните блокови што требаше да ги вратат во функција после ремонтот на четвртиот квартал од 2022 година, нема да бидат навремено вратени во функција. Очигледно е дека Франција – најголемата европска нуклеарна сила се соочува со сериозни проблеми, што ќе значи висока цена на електричната енергија, не само за Франција, туку и за цела ЕУ. По сè изгледа, ЕУ ја чека тешка зима и силна енергетска и економска криза.

Што се однесува до алтернативите на Русија, само доколку се погледнат билатералните договори направени во текот на Специјалната воена операција со земјите како Иран, Индија и Кина, може да се заклучи дека Москва има поголем маневарски простор за пласирање на своите стратешки добра. Во таа насока е и заклучокот на познатата медиумска куќа Bloomberg, каде во својата анализа за Руската Федерација пишува дека „Русија може целосно да го прекине извозот на природен гас во Европа повеќе од една година, без да нанесе значителна штета на нејзината национална економија“.

Мир, а не оружје на фронтот

Неминовно се наметнува заклучокот дека од поддршката на Украина во конфликтот со Русија, единствени губитници се граѓаните од самиот европски континент, без разлика дали се членки на ЕУ или не. И за ваквата реалност европската јавност секој ден станува се посвесна, што ги предизвикува и повикува на одговори политичките елити на самите европски земји. Сè погласни се повиците на европските граѓани нивните земји да престанат со достава на оружје, туку да работат во насока на воспоставување на мирот во регионот.

Отпорот кон украинската власт почнува да доаѓа и од внатре од самата Украина. Имено, вчера, украинскиот новинар, главен уредник на сајтот „Цензор.нет“, Јуриј Бутусов, кој важи за човек близок до армијата, изјави дека почетокот на специјалната воена операција на Руската Федерација на територијата на Украина е резултат на глупави постапки и неодговорни изјави на украинското раководство. Според Бутусов, треба да се истражат постапките на украинскиот претседател Володимир Зеленски и раководството на неговата канцеларија, а актуелната влада на земјата треба да биде изведена пред лицето на правдата и да одговори на сите прашања за нивните постапки.