Османи исплатил 240.000 евра на историската комисија која преговара со Бугарија
Од Министерството за надворешни работи со кое раководи министерот од редовите на ДУИ Бујар Османи шесте членови на историската комисија инкасирале околу 240.000 евра во текот на минативе три години.
Најмногу од нив инкасирал претседателот Драги Ѓоргиев, кој на име хонорар за својата активност добил некаде околу 80 илјади евра, објави ТВ Алфа.
Околу 35 до 40 илјади евра добиле Љубица Спасковска, Петар Тодоров и Љупчо Ристески, меѓу и 20 и 25 илјади евра добиле Александар Литовски и Дарко Стојанов
Толку пари добиле луѓето кои ни скроија договор со Бугарија за античкиот период и средниот век. Од шест македонски историчари, само на еден експертиза на работење му антиката и средновековието. А тоа се темите за кои досега е постигнат договор меѓу Македонија и Бугарија. Дарко Стојанов е тој единствениот. Од другите никому првична дејност не му е она за што се договориле со бугарските колеги.
Петар Тодоров го работи османско турскиот период, Александар Литовски се занимава со навата и најнова историја меѓу 1941 и 91-ва година. Љупчо Ристески пак е антрополог, професор на Институтот за етнологија и антропологија на УКИМ. Антиката и средниот век не се експертиза ниту на првиот човек на комисијата, академик Драги Ѓоргиев. Османлискито период е неговата главна дејност.
По враќањето во Скопје магистрирал во 1995 година на катедрата по историја на Филозофскиот факултет во Скопје, на тема „Скопје од турското освојување до крајот на XVII век“. Истата година бил избран за асистент во Одделението за османо-турски период во Институтот за национална историја, се вели во биографијата на Драги Ѓоргиев.
Член на комисијата е и Љубица Спасковска, која е доцент на универзитетот во Ексетер, Велика Британија. Според нејзината биографија на сајтот на овој универзитет, ниту таа не се занимава со она со што сега се договорија историчарите.
Моите истражувачки интереси се во историјата на Југоисточна Европа, политичката и социо-културната историја на интернационализмот, вклучувајќи го развојот, неврзаноста, деколонизацијата и историите на генерациите, притоа обезбедувајќи нови важни перспективи за (повторно) создавање на антиимперијална Европа и пристапи кон европско-глобалните јужни односи, се вели во биографијата на Спасковска.
Голем број историчари реагираа дека со Бугарија договор ни постигнале личности кои што овие периоди не им се експертиза, што е дополнителна дамка на она кое што се сработува.
Ова целосен бугарски текст кој што комисијата го пренесува кај нас и сака да го инсталира кај нас во учебниците. Не држи ниту историска вистина, ниту историски аргументи. Се што е кажано е кажано лаички. Нормално, тие се турколози двајцата таму историчари и овој што се откажа беше од турскиот период. Другиот кој тие го избркаа беше од втората светска војна, изјави историчарот Александар Алексовски.
Бранејќи ја својата работа, од историската комисија пак порачаа дека не менувале историски факти, туку промовирале образование кое нема да биде основа за манипулација на младите.